Два дрона со експлозив утрово биле соборени над Багдад, пред напад врз трупите на антиекстремистичката меѓународна коалиција предводена од САД.

Цел на двата вооружени дрона беше аеродромот во Багдад, каде се наоѓа воената база на мал број трупи на коалицијата, изјави неименуван извор.

Нападот се случи на втората годишнина од смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани и неговиот соработник од Ирак. Тие беа убиени при американски напад со дрон на аеродромот во Багдад.