Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас и Мицотакис со обвинувања – кој отстапил од црвените линии

0
By Нова ТВ on March 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис жестоко дебатираа во Парламентот во врска со спорот за името, при што Мицотакис ја обвинил Владата дека нема една и заедничка позиција за името, додека пак Алексис Ципрас, возврати дека Нова демократија отстапила од националната линија и уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите.

– Уште од прв момент ви рековме, зошто влегувате во овој разговор кога го немате обезбедено минималниот неопходен предуслов за да има заемно прифатливо решение, а тоа е промена на Уставот. Прво ни се потсмевавте, а потоа дојдовте на нашата линија. За сега, да излезе господинот Заев со огромна храброст да побара промена на грчкиот Устав, како одговор на тоа што ние му го кажавме, рече Мицотакис, по што следеше аплауз од неговите сопартијци од Нова демократија, пренесува МИА.

Мицотакис исто така го критикувал Ципрас и поради тоа што во разговорите воопшто не ги вклучил и партиите од опозицијата, туку прво се сретал со, како што го нарече „скопскиот премиер“.

– Од прв момент ако сакавте можевте да ги вклучите и опозициските партии, но не го сторивте тоа. Прво разговаравте со скопскиот премиер, а потоа разговаравте со опозициските партии. Свесно го поделивте грчкиот народ, ги обвинивте и сите наши сонародници кои протестираа поради нивни причини, поради чувствителноста околу прашањето на Македонија, речиси сите ги карактеризиравте како ултра националисти, како фашисти, ги претставивте како толпа, изјавил Мицотакис.

Ципрас одговорил дека уште пред средбата со Заев грчките позиции биле јасни, а како пример за разговори на премиерско ниво, без претходно да биде известена опозицијата, ги спомена средбите на Груевски и Папандреу пред осум години.

– Ме обвинувате дека прво се сретнав со премиерот на Скопје, а потоа се сретнав со лидерите на политичките партии. Не разбирам зошто ме обвинувате за ова. Господинот Папандреу, ако не десетици, имаше сигурно 6-7 неформални средби, и мојата беше неформална. Имаше средби со премиер на Скопје, со премиер на поранешната југословенска Република Македонија кој што не сакаше решение и за тоа не извести ниту еден политички лидер. Ни јас не донесов решение, ако немав новости да ви пренесам, немаше да има никаква смисла нашата средба, му одговорил Ципрас на Мицотакис.

Како што пренесува МИА дел од дебатата, лидерот на опозицијата, уште еднаш ја обвинил Владата на Ципрас дека настапува со две позиции, бидејќи коалицискиот партнер Независни Грци не се согласува со официјалниот став.

– Кога министерот за национална одбрана заедно со министерот за надворешни работи, ќе се најде заедно со вас на следниот НАТО Самит и ќе седат еден до друг, кој ќе ја изрази официјалната позиција на Република Грција? Вистината господине Ципрас, е дека денес кога разговарате со скопскиот премиер не разговарате како лидер на парламентарното мнозинство, туку како лидер на СИРИЗА, рекол Мицотакис.

Ципрас од собраниската говорница уште еднаш ги повторил позициите на грчката влада во преговорите: сложено име, ерга омнес – за надворешна и за внатрешна употреба, односно промена и на уставното име.

 

дебата Мицотакис парламент преговори Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.