Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас ја одби понудата на Ердоган за размена на притворени војници

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција го отфрли предлогот на Турција за размeна на затвореници со кој од Грција се бараше да ги предаде на Анкара осумте турски војници кои пребегаа по обидот за државен удар, а Турција да ги ослободи двајцата грчки војници.

Реториката меѓу соседите се заостри откако двајца грчки војници беа уапсени од страна на Турција.

Грчките војници беа уапсени во март по преминувањето на границата меѓу двете земји и се соочуваат со обвиненија за илегален влез во Турција.

Осумте турски командоси, кои со хелихоптер ја напуштија Турција по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година бараат азил во Грција. Турција вели дека биле вклучени во пучот и бараат да бидат вратени за да се соочат со судење.

“Во врска со барањето за размена, а поврзано со грчките војници и други прашања, уште еднаш истакнуваме дека е неприфатливо и е одбиено”, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

“Позицијата на Грција и на ЕУ во целост е јасна и конзистентна: ние бараме итно ослободување на двајцата грчки војници без услови”, додаде тој.

Во интервју во саботата Ердоган понуди можност тие да ги ослободат грчките војници ако Грција ги врати осумте турски командоси. Ердоган рече дека за ова прашање се разговарало и на Самитот на ЕУ што се одржа во Софија во март годинава.

Грчките судови во неколку наврати ги отфрлија турските барања за екстрадиција на групата. Дел од војниците се во  заштитен притвор. Турција вели дека Грција е рај за нејзините непријатели.

Турција и Грција не се согласуваат и околу прашањата за воздушниот простор над Егејското Море и за етнички поделениот остров Кипар.

војници Грција Ердоган одбиена размена Турција Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.