НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цукерберг: Фејбук води „војна“ со руски оператори кои злоупотребуваат

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг во сведочењето пред американските сенатори рече дека неговата компанија е во постојана битка со руските оператори кои сакаат да ја искористат социјалната мрежа.

-Ова е трката за вооружување, тие ќе продолжат да се подобруваат, рече тој.

Цукерберг вчера го почна сведочењето во Сенатот при што одговараше на прашања во врска со скандалот со собирање на податоци од Кембриџ Аналитика.

Тој, исто така, откри дека Роберт Милер, специјалниот обвинител што го води случајот за наводното руско мешања во претседателските изборите во 2016 година, разговарал со персоналот на Фејсбук.

Цукерберг прво рече дека неговата компанија се одѕвала на судските налози од советникот во специјалната канцеларија на Милер, но потоа рече дека Фејсбук “соработувал со нив”, вклучувајќи и одржување состаноци.

Тој рече дека не бил меѓу оние кои биле интервјуирани од канцеларијата на Милер.

Сепак истакна дека соработката со тимот од канцеларијата на Милер е доверлива и не би сакал на отворена седница да открива нешто што е доверливо.

Во февруари, канцеларијата на специјалниот обвинител Милер поднесе обвинение за 13 Руси со мешање на изборите во 2016 година, заедно со три руски компании.

Една од нив е Агенцијата за истражување на интернет,  уште позната и како “Russian troll farm”, која според обвинението имала “стратешка цел да предизвика раздор во американскиот политички систем”.

Цукерберг изјави дека компанијата сега развива нови алатки за да ги идентификува лажните профили.

-Има луѓе во Русија чија работа е да се обидат да ги искористат нашите системи и други интернет системи. Треба да инвестираме и го подобриме тој дел, рече Цукерберг одговарајќи на прашањата на сенаторите.

Сопственикот на Фејсбук ги отфрли прашањата на сенаторите за тоа како социјалната мрежа би можела да се регулира..

Сенаторот Џон Кенеди притоа го предупреди Цукерберг:

-Не би сакал да гласам за да го регулирам Фејсбук, но дали ќе го направам тоа, зависи од вас … Вашиот договор со корисниците не се спроведува, рече сенаторот Кенеди.

Соочен со одредени детали за пропусти во функционирањето на мрежата според договорот за заштита на корисниците , 33 годишниот милијардер и сопственик на технолошки џин, рече дека би се согласил на регулатива, доколку таа е “правилна”, иако избегна да даде конкретен одговор.

За време на сослушувањето, Цукерберг исто така призна дека е јасно дека тие не направиле доволно за да спречат овие алатки на социјалната мрежа да бидат злоупотребени, дека од денешен аспект се чиди дека било грешка да се верува дека Кембриџ Аналитика ги избришала податоци, без да се испита тоа, дека не верува оти Фејсбук има монопол, дека справувањето со говорот на омраза има многу поголема можност за грешка, отколку што тој верувал и дека лично бил загрижен дека е можна политичка пристрасност во компанијата.

Цукерберг се појави на заедничката седница на неколку комисии на американскиот Сенат, во врска со откритието дека околу 87 милиони луѓе биле „жртва“ на маркетинг компанијата Кембриџ аналитика, која ги злоупотребила нивните податоци за политички цели.

Што е скандалот со Кембриџ Аналитика?

Компанијата е позната по својата поврзаност со изборната кампања на Доналд Трамп во 2016 година и тврди дека има “удел” во победата на Трамп.

Но, од компанијата негираат дека податоците за кои се вели дека биле злоупотребени, биле користени за да помогнат во кампањата Трамп.

Целата приказна води до професорот Александар Коган, кој изработил апликација што била дистрибуирана преку Фејбук, при што се краделе податоците не само на улесниците на квизот, туку и од нивните пријатели на ФБ. Наводно, Коган потоа ги пордал податоците на Кембриџ Аналитика.

Кембриџ Аналитика и Фејсбук за ова вината ја насочуваат кон Коган.  Фејсбук вели дека иако корисниците се согласиле да ги дадат своите податоци на апликацијата на Коган, нивната продажба е всушност она што е спротивно на правилата

Кембриџ Аналитика, пак, тврди дека не знаела дека информациите биле добиени незаконски. За време на сведочењето на Цукерберг, фирмата постојано објавуваше постови на Твитер дека “ги советува” медиумите – преку своите адвокати – како да ги примаат информациите што се изнесуваат

-Ние ги советуваме нашите адвокати да испратат писма до медиумите кои ја покриваат оваа приказна, советувајќи ги да не користа лажни и неосновани обвинувања како факт, напишаа од Кембриџ Аналитика на Твитер.

Неколку часа пред сослушувањето во Конгресот, Фејсбук исто така откри дека приватните пораки од околу 1.500 корисници биле дел од нелегалното собирање на податоци.

 

Кембриџ аналитика сведочење Сенат Фејсбук Цукерберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.