Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туристичките агенции на мака: Здравствените биланси ги спуштаат граничните рампи

0
By Нова ТВ on July 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 6, 2020 11:29

Празни зјаат просториите на македонските туристички агенции, чии излози се украсени со бројни фотографии од егзотични дестинации во странство и пораката „Лето 2020 – изберете дестинација!“ Заради корона-кризата тие места во моментот се недостапни за македонските граѓани. Туристичките работници кои беа соочени со мртва сезона оваа пролет, велат дека се надевале оти „ќе фатат” нешто од летната сезона. Но, како што поминуваат деновите, надежта им се топи, се наведува во текстот на „Дојче Веле“

„Во однос на аранжманите во соседството, се надевавме дека нешто ќе мрдне барем од јули. Но, влошувањето на состојбата со Ковид-19 и овде и во соседните земји, ни ги урна тие надежи. Ако се стабилизира здравствената состојба, се надеваме дека би можеле да фатиме барем дел од август или септември. За жал, никој не може да направи прогноза, бидејќи се зависи од здравствена ситуација, а со тоа и од граничните режими во земјите каде ги реализираме аранжманите. Состојбата се менува речиси на дневна основа“, велат од скопска туристичка агенција, која претежно нуди аранжмани за соседните земји, а најмногу за Грција.

„Последниот воз“

Дека за туристичките агенции состојбата е најнеизвесна, говори и фактот дека од 6 часот утрово до 15 јули во Грција не може да влегуваат туристи од соседна Србија, а оние кои се веќе таму може да го завршат летувањето според договорениот аранжаман. Причина за ваквата грчка одлука е што голем број од српски туристи тестирани по случаен избор биле позитивни на Ковид-19, но и поради тоа што во Србија рапидно расте бројката на новозаразени. Иако српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вчера апелираше граѓаните да не тргнуваат кон Грција за да не бидат вратени од граница или затекнати на пат кога забраната ќе стапи во сила, сепак, српски туристи вчеравечер се обиделе да го фатат „последниот воз”.

Бугарски медиуми објавуваат дека пред бугарско-грчкиот граничен премин „Кулата – Промахонас“ (единствениот преку кој српските туристи можеа да влегуваат во Грција), колоната возила вчера била долга 12 километри, а доминирале најмногу возила од Србија. Последни кои успеале да ја минат бугарско- грчката граница, биле оние кои стигнале таму најдоцна до 1 часот утрово. По четири часа чекање влегле во Грција, непосредно поред забраната да стапи на сила. Сега во колоната кон Грција доминирале единствено романски и бугарски државјани.

Равенка со многу непознати

До 15 јули македонските државјани не можат да влегуваат во Грција, а дали таа одлука ќе биде променета или продолжена, ќе зависи од здравствените биланси во земјава. Пред една недела, грчките телевизии „Скај“ и „Мега“, објавија дека околу 10 до 15 автомобили од Македонија и од БиХ биле вратени од граничниот премин „Кулата- Промахонас“, откако се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција.

„Луѓето едвај чекаат да се релаксира состојбата. Секако, има дел кои решија летово да не патуваат надвор од земјава, а оние кои имале веќе уплатен аранжман тоа право ќе може да го искористат во друг термин, по нивен избор. Но, има голем дел кои се заинтересирани за одмор „што поскоро“. Најчестите прашања кои ги добиваме се однесуваат на тоа дали ќе има доволна понуда на сместувачки објекти и со каков превоз ќе може да се патува – приватен или организиран. Во моментот ништо од тоа не е проблем, освен здравствените бројки, а со тоа и граничниот режим“, објаснуваат од агенцијата.

Бројките во моментот не одат во корист на брзо отворање на границите за македонските граѓани. До вчера вкупната бројка на позитивни на Ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени 3.027, на починати 341. Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678, од кои најголем број се од Скопје (2.007). Значително зголемување на бројот на активни случаи има во Прилеп, во Тетово, во Струга, во Велес, во Битола, во Охрид, во Кавадарци, во Крива Паланка, во Пробиштип, во Македонски брод, во Свети Николе и во Кичево. Во болниците во земјава на лекување од Ковид-19 се наоѓаат 423 пациенти од кои пет се поставени на респиратор. Досега се направени вкупно 67.165 тестирања.

Дали земјата ја зафати втор бран, или одложен втор пик на заразата од Ковид-19? – Анализата на билансите покажува дека вкупната бројка на заразени од трите месеци (март, април и мај) се помали од бројката на заразени само во еден месец – јуни која достигна над 4.000.

Граници здравство одмор режим туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.