Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција гласаше „за“ уставни промени, Ердоган прогласи победа

0
By Нова ТВ on April 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 16, 2017 22:33

Со огномет, знамиња и портрети на претседателот Реџеп Таип Ердоган започна славењето во Истанбул по добиените резултати од референдумот на кој 51 отсто од граѓаните гласаа за уставните измени кои ги предложи претседателот.

Ердоган прогласи победа и изјави дека резултатот е јасен. Тој ги повика премиерот и лидерот на Националистичката партија да им честита на исходот.

Од преброените 98 отсто од гласовите, Ердоган со тесна победа станува единствениот владетел во Турција. 51, 3 отсто од гласачите, гласаа „за“ додека 45 отсто кои гласаа против новите уставни измени, кои ќе му овозможат да остане на функцијата до 2029 година. Вкупната излезност на референдумот била 86 отсто.

ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ПРЕБРОЈУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Главната опозициска Републиканска народна партија бара повторно пребројување на најголем дел од гласовите. Тврдат дека за време на пребројувањето имало многу неправилности, односно најголем дел од гласачките ливчиња се со неважечки печати.

 „До сега, спорни се 2,5 милиони гласови. Речиси 6о отсто од избирачките места имаат проблем. Неважечки се повеќе од еден милион гласови. Знаеме како да се справиме со неважечките гласови“, вели Ердал Аксунгер, потпретседател на опозициската Републиканска Народна Партија.

Изборната комисија на својот сајт неколку часа пред затворањето на избирачките места соопшти дека ќе прифати и ливчиња без официјални печати освен ако може да се докаже дека се фалсификат.

ИСТАНБУЛ И АНКАРА ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ

Жителите на централните делови од Турција во најголем дел гласаа за уставните измени, додека против беа гласачите кои живеат околу Егејското Море и југоистокот, кој е населен со Курди.

Во Истанбул, дури 51отсто од гласачите не сакаат уставни измени, додека во главниот град Анкара против гласале 50,56 отсто од избирачите.

ШТО ЌЕ СМЕНИ НОВИОТ УСТАВ?

Измените на Уставот, ќе му овозможат на Ердоган да именува и менува министри, да се кандидира уште два пати за претседател и повторно да го преземе водството над својата партија. Најави дека ќе го преиспита и договорот со ЕУ во врска со мигрантите, по референдумот.

Аналитичарите на германскиот Маршал фонд во Анкара, велат дека кампањата за референдумот не била ни фер ни слободна. Владата користела државни пари, биле заплашувани граѓанските организации и медиумите не биле балансирани.

„Предложениот систем ќе води во концентрирање на моќта во рацете на претседателот со многу малку рамнотежа. Претседателот ќе ја има сета извршна власт и власт врз законодавната и судската власт“, вели Маршал фонд.

 

гласање Победа референдум Турција уставни промени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.