Курдските сепаратисти негираат дека се одговорни за масакарот во ноќниот клуб Реина во Истанбул за време на Нова Година.

Работничката партија на Курдистан или ПКК, денеска го осуди нападот и велат тие немаат за цел цивили.

„Ниедна сила во која учествуваат Курдите не е поврзана со овјој напад“, изјави Мурат Карајлан, член на Извршниот одбор на ПКК.

„Борбата за слобода на Курдите, исто така подрабира борба за демократизација на Турција. Затоа наша цел не се невини цивили. Никогаш нема да бидат“, изјави тој.

Тој изрази жал за загубените животи и го осуди нападот како „дивјачки“.

А во меѓувреме турските власти продолжуваат да го ловат одговорниот за смртта на 39 луѓе. Во болниците и понатаму се речиси 70 луѓе.

Според Анадолу, присутните за време на прославата  биле и од Мароко, Јордан, Канада, Русија, Саудиска Арабија, Тунис и други.