Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција се провлече во Скопје: Македонска доминација без реализација

0
By Нова ТВ on June 6, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација одигра 0:0 против Турција во пријателски меч во Скопје како добра добра увертира пред дуелот со Шпанија во сабота на „Телеком арена“ во квалификациите за СП 2018. Велиме добра од, барем, четири причини. Првата е продолжување на низата без пораз во сите три настапи во 2017 година, втората се однесува на мрежата што мирува во сите 270 минути, третата е што „црвено-жолтите“ беа подобар ривал на теренот и создадоа многу повеќе шанси за гол и, конечно, четвртата што сето ова дојде против селекција која е 100 и кусур позиции повисоко рангирана на ФИФА листата.

„Жалам што не успеавме да дадеме гол. Мораше да се случи како круна на подобрата игра, на иницијативата и на доминацијата. За сето останато можам да упатам честитки до фудбалерите. Недостасуваше само реализација за задоволството да биде комплетно. Но, и вака е присутно од играта, од желбата, од залагањето освен од резултатот“, коментира македонскиот селектор Игор Ангеловски по средбата.

Турција беше зрела за пораз по 15 години од последното гостување во Скопје. Фаворизираните гости на хартија не покажаа зошто се 25 светска фудбалска сила во светот, беа бледи, безидејни и повеќе стихијни одошто организирани. Домашните, пак, одговорија соодветно на предизвикот во двете насоки. Стабилни во одбрана, добро подвижни во среднот ред, поконкретни во напад за целосно неутрализирање на противникот.

„Да се игра на домашен терен пред празни трибини, а притоа на гости е дојдена репрезентација која е меѓу најдобрите во светот е поразително. Играме во Скопје како да сме гости. Знам дека стадионот ќе биде полн во сабота за Шпанија, но не знам зошто не добиваме поддршка и во, условно речено, помалите мечеви. А, мислам дека оставаме репрезентативен впечаток со игрите на последните натпревари“, коментира напаѓачот Илија Несторовски.

Показател за добрата партија на Македонија се и приликите за реализација. Имаа и два поништени гола на Мојсов во 19 минута и на Алиоски во 53 минута, закани преку Пандев и Несторовски во првото полувреме, на Алиоски во второто и зицер ситуација очи во очи во 88 минута што Тричковски не успеа да ја претвори во гол. За разлика од нив, турските фудбалери, речиси, и да не упатија закана кон Столе Димитриевски.

Македонија – Турција 0:0

Стадион: „Телеком арена“ во Скопје. Гледачи: 6.000. Гл. судија: Станислав Тодоров. Асистенти: Дијан Валков и Георги Дојнов (сите тројца од Бугарија). Ж. картони: Ристовски, Спировски (Македонија); Ајхан, Сејинчи, Мор (Турција).

Македонија (формација 3-5-2): Димитриевски – Ристевски, Шиков, Мојсов – Алиоски, Хасани (Трајковски 63′), Спировски (Трајчевски 90’+1′), Стјепановиќ, Ристовски (Тошевски 81′) – Пандев (Тричковски 71′), Несторовски (Ибраими 83′). Селектор: Игор Ангеловски.

Турција (формација 4-2-3-1): Бабакан – Којбаши (Калдирим 46′), Сејинчи, Ајхан, Генул – Туфан, Чолак (Јилмаз 79′) – Сахан (Инан 46′), Туран (Тосун 62′), Мали (Мор 62′) – Унал (Ундер 46′). Селектор: Фатих Терим.

Македонија Пријателска репрезентација Турција фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.