Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција се заканува: Не си играјте, ќе ви пратиме илјадници бегалци

0
By Нова ТВ on March 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 17, 2017 20:56

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, предупреди дека Турција би можела да пушта повеќе од 15.000 бегалци месечно кон Европа.

„Ако сакате можеме да отвориме пат за 15.000 бегалци, кои не ви ги испраќаме секој месец, и да ве оставиме без здив“, изјави Сојлу.

„Морате да имате на ум дека не можете да се впуштате во игри во регионот без да ја земете во обѕир Турција“, додаде министерот.

Сојлу ги критикуваше забраните за митинзи за поддршка на турскиот референдум за проширување на претседателските овластувања кои се воведени во повеќе европски земји, особено во Германија и во Холандија.

Тој порача дека тоа се внатрешни прашања на Турција во кои другите земји не треба да се мешаат.

Министерот ги обвини Холандија и Германија дека се вмешани во демонстрации против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во јуни 2013 година, во прокурдските протести во октомври 2014, и обидот за пуч на 15 јули 2016 година.

Турција и ЕУ минуваат низ најголемата дипломатска криза во последните неколку години по одбивањето на неколку европски земји да им дозволат на турските дипломати да учествуваат на митинзи на турската дијаспора за поддршка на Ердоган пред референдумот на 16 април.

Ердоган поради неодамнешните тензии со неколку земји членки на ЕУ се закани дека ќе ја суспендира спогодбата со ЕУ за мигрантите од март 2016 година, со која драстично беше сменет нивниот прилив во Европа.

бегалци Германија ЕУ Сојлу Турција Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.