Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТВ Дуел – Мицкоски: Рекордери сме по смртност од Ковид – 19; Заев: 90% од починатите имаа хронични заболувања

0
By НОВА ТВ on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заев и Мицкоски ги повикаа граѓаните да се вакцинираат.

Лидерите на најголемите политички партии во земајва, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дуелот на Канал 5 дебатираа и за состојбите со Ковид – 19, како и мерките за спречување на ширењето на вирусот.

Лидерот на опозициската партија, Мицкоски, посочи дека на светско ниво земјава е прва на листата на починати пациенти од Ковид – 19, на 100.000 жители, а со тоа, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ владата ја оцени како најнеспособна во Европа.

– Пред некој ден имавме повеќе од 40 починати и на никој око не му трепнува за тоа. Кога велевме и кога нудевме мерки, истите тие мерки ги прифаќаа со задоцнување од недела – две откако за жал ќе го загубеа животот неколку десетици наши сограѓани. И уште на почетокот на годината зборував наместо да трчаат по провизии за вакцини, да се обидат да најдат начин како како држава да учествуваме во проект на производство на тие вакцини и да го имунизираме на оној начин населението кое сака да се вакцинира. Тогаш тие наместо да бркаат таков проект, бркаа провизии. И тука е најголемиот проблем. Кога цел свет започнуваше со процесот на вакцинација на крајот од минатата година ние тогаш ги лажевме нашите граѓани, тие ги лажеа нашите сограѓани дека ќе почнела вакцинацијата од јануари, февруари, па потоа им бил крив ковакс системот… за да посериозно започнеме од месец мај, рече Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев рече дека 90% од смртните случаи на Ковид – 19 се должат на хроничните заболувања кај самите пациенти, 95% од починатите се постари од 60 години, кои најчесто имале проблем со срцето и васкуларниот систем. А, има и граѓани кои подоцна побарале лекарска помош. Според Заев, власта прави сè во врска со справување со вирусот.

– Тоа што го правиме овде го прават во целиот свет. Не правиме ние нешто поразлично од тоа што светот го прави. Истото го правиме, впрочем консултираме сите кои се нови методи. Секојпат се обезбедиле најновите терапии за граѓаните, никојпат не се штеделе некои средства. Обвинувања за некаки провизии се надвор од секаков памет заради тоа што набавивме вакцини поевтини од било кој просек во државата. Обезбедивме дополнителни вакцинации, ако се работи за рационалноста на трошењето на партите. Сме ги направиле сите можни чекори во моментите час посокоро да се најдат вакцини. Помогнаа пријателите како Србија, прво здравствените работници да ги заштитиме и целиот тој процес го менаџираме транспарентно до крај, рече Заев.

Заев и Мицкоски ги повикаа граѓаните да се вакцинираат.

Вакцина вирус Заев Ковид Мицкоски ТВ дуел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.