Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, додека најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус три Целзиусови степени. Во Скопје-Петровец, во Тетово, во Струмица и во Демир Капија со измерени минус два степена. Во Куманово и во Дебар измерен е минус еден степен.

Како што информира УХМР, времето во ноќните часови било претежно ведро или со мала облачност. Утрово во поголем дел од земјава е сончево со мала облачност, но по одделни котлини има појава на магла.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветар претежно од западен правец. Температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот со слаб ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.