Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинувањето на СЈО ќе ги залади односите со ЕУ

0
By Светлана Јовановска on January 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2017 19:18

Брисел ја чека новата влада, но извори на НОВАТВ во комисијата уверуваат дека ниту една партија во Македонија нема да се осмели да го игнорира барањето за продолжување на мандатот на СЈО.

Европскиот комесар задолжен проширување, Јоханес Хан во Советот на Европа во Стразбург изјави дека сега по изборите земјата треба да направи влада:

“Сега земјата треба да направи влада  која ќе може да се потпре врз уставно мнозинство”, рече Хан.

Но Хан се надева исто така дека ќе има напредок во решавањето на спорот со името.

Истата надеж се најде и во нацрт Резолуцијата на европскиот пратеник Иво Вајгл кој верува дека Македонија треба да почне преговори за членство за да може да го реши проблемот со Грција.

Хан изрази надеж дека брзо ќе биде формирана влада која ке има “уставно мнозинство за да може да се отворат европските перспективи и да можеме да ги почнеме преговорите за членство”.

Во Резолуцијата која треба да биде усвоена во март се бараат преговори за членство со ЕУ:

“Уверени сме дека преговорите можат да придонесат за толку неопходните реформи кои позитивно ќе влијаат на решавањето на билатералните спорови”, вели Вајгл во нацртот на Резолуцијата.

Хан изрази надеж дека брзо ќе биде формирана влада која ке има “уставно мнозинство за да може да се отворат европските перспективи и да можеме да ги почнеме преговорите за членство”, рече Хан. Но тој додаде дека “тоа ќе биде можно само ако широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата, само тогаш можат да бидат донесени сите потребни реформи”.

Прашањето за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не беше дел од дебатата. Но, нашите извори во Брисел се уверени дека ниту една партија во Македонија нема да се осмели да го игнорира барањето за продолжување на мандатот на СЈО.

Ако не се продолжи мандатот и ако не се усвојат законите кои СЈО ги бара јасно е дека тоа ќе и наштети на Македонија и ќе го залади односите со Европа”, вели изворот и додава дека тие што имаат макар и најмала намера да го укинат СЈО треба сериозно да размислат. СЈО е клучниот дел од Пржинскиот договор.

Во ЕУ се враќа балканската главоболка

Истовремено и Европскиот парламент (ЕП) се сети дека Балканот постои и организираше денес дебата, на инцијатива на Иво Вајгл, на која беше изразена сета европска загриженост за тензиите во регионот.

Речиси сите пратеници се согласија дека државите на Балканот имаат проблем со демократијата, етно национализмот, националистичката реторика. Накусо, изразија страв дека регионот може да балканскиот лонец може да прекипи.

Хрватскиот пратеник Тонино Пицула рече дека има линии на поделба внатре во државите, судир на проевропските и антиевропските страни во државите.

ЕУ не е мудра како Черчил. Западниот Балкан треба да биде приорититет на ЕУ.

А Вајгл додаде дека работите што се случуваат се загрижувачки:

“Настаните во последните 30 години сведочат дека искра може да направи пожар. На Балканот се почнува со говор на омраза а тоа многу го има во последно време во медиумите. Политичарите учествуваат во овој говор и ја влошуваат ситуацијата. Тоа е особено загрижувачки”.

Чехот Едвард Кукан е загрижен:

“Билатералните спорови треба да се решат не само за Балканот туку за нас. Нашиот кредибилитет е во прашање! Мора да бидеме внимателни и да им дадеме помош на проевропските сили на Балканот.”

Хрватскиот пратеник Јозо Радош заклучи дека ЕУ нема ни волја ни капацитет да ги реши проблемите на Балканот:

“Не сме мудри како Черчил. Западниот Балкан треба да биде приорититет на ЕУ.

 

Влада ЕП ЕУ Иво Вагјл Јоханес Хан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.