Published: Wednesday, April 23, 2025 11:24
Русија синоќа ја нападна Украина со 134 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Силите за противвоздушна одбрана соборија 67 беспилотни летала, а други 47 беа пренасочени со средства за електронско војување, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили објавено на Телеграм.
Се соопштува и дека нападите синоќа предизвикале штети во шест украински региони.




