Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија: Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина

0
By Светлана Јовановска on October 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 2, 2016 10:01

Виктор Орбан се надева на плебисцит на референдумот кој денес се одржува во Унгарија. Референдум на кој Унгарците ќе треба да одговорат на прашањето: “Сакате ли Европската унија да прогласи задолжителна релокализација за не-унгарски граѓани во Унгарија против волјата на Парламентот?”

Унгарскиот премиер и покажува всушност среден прст на ЕУ и нејзината политика на релокализација на мигрантите и бегалците според која земјите членки треба да примат на нивна територија 160.000 бегалци. Одѕивот на земјите членки беше слаб но Унгарија не прими ниту еден бегалец. Доколку референдумот успее, официјална Будимпешта ќе смета дека нема повеќе никаква обврска кон бегалците и резултатот на референдум ќе биде ставен во унагрското законодавство, вети Орбан.

Сините владини плакати ги преплавија градовите

Владата спонзорираше импресивна анти-мигрантска кампања. На улиците низ градовите висат огромни плакати кои, според опозицијата, се полни со лаги.

Плакатите почнуваат секогаш со “Дали знаете?” И потоа се нижат пораките на владата. Како на пример:

“Дали знаете? Брисел сака да изгради мигрантски град во Унгарија”; “Дали знаете? Терористите од Париз беа мигранти”; “Дали знаете? Од почетокот на мигрантскиот бран, бројот на жени сексуално нападнати е во пораст во Европа”.

affiches_referendum_680

Сатиричен одговор на владините лаги

На оваа кампања одговори статиричното движење “Куче со две опашки”. Нивните плакати се одговор на лагите на владината кампања:

“Дали знаете дека еден милион Унгарци сакаат да одат во Европа?” е одговор на владиниот плакат на кој стои “Дали знаете дека милион мигранти од Либија сакаат да дојдат во Европа?”.

eu

Сатирата продолжува со: “Дали знаете? Еден просечен Унгарец видел повеќе вонземјани од мигранти”

ovni

“Дали знаете? Најголемата корупција ја прават политичарите”:

corrup

“Дали знаете? Од почетокот на мигрантската криза во Унгарија има повеќе сини плакати (плакати на владината кампања) од бегалци”.

1

“Дали знаете? Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина. Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина. Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина. Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина. Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина. Она што сите го повторуваат почнува да личи на вистина.”

vrai

Резултатот на референдумот е однапред познат и без сомнение ќе ја охрабри владата во нејзините анти-мигрантски чекори. Единствената непозната од овој референдум е одѕивот на гласачите. Според унгарскиот закон потребна е 50 отстотна излезност за да може народната консултација да биде валидна.

Така, движењето “Партија на куче со две опашки”, излезе со плакати на кои се вели: “Глупаво прашање, глупав одговор: стори се твојот глас да биде неважечки!

Што сака да постигне Орбан?

Преку овој референдум, Орбан сака да стане незаобиколив лидер на внатрешен и на европски план и да стане “бранителот” на Европа и нејзините вредност како лидер на сите евроскептици.

Партијата Фидеш на Орбан владее со земјата од 2010 година со двотретинско мнозинство во Парламентот. Но популарноста на Фидеш почнува на опаѓа поради корупциските скандали и поради данокот за интернет од кој владата мораше да се откаже поради масовните протести.

Дваесет и две невладини организации ги повикаа Унгарците да го бојкотираат “нехуманиот референдум”: “Ние правиме кампања за да пропадне референдумот бидејќи тој не ги промовира нашите вредност, бесмислен е и нехуман”.

Гнасна кампања

Остра критика испрати и Нилс Мужиниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа преку колумна на Њујорк Тајмс. Според него, една земја има право да ја дефинира својата мигрантска политика. Но таа дефиниција не смее да ја нарушува европската Конвенција за човекови права од 1951 година и Конвенцијата за статусот на бегалците.

miuznieks-coe

Нилс Мужиниекс, комесар за човекови права

“Заштитата не бегалците отсекогаш била интегрален дел од човековите права, и во Европа и во светот. Пред околу 60 години таа политика поттикна меѓународна солидарност која им помогна на 200.000 Унгарци да најдат засолниште од бруталната репресија на Советскиот Сојуз за време на Унгарската револуција”, потсетува комесарот на минатото.

“Оваа гнасна кампања против бегалците за жал не е единствена во Европа. Британската Партија за независност, францускиот Национален фронт и италијанската Северна лига ги користат овие ксенофобни пораки. Но, во Унгарија овие лаги ги испраќа владата”, вели комесарот.

Конечниот резултат на референдумот се очекува најдоцна утре.

http_com-ft-imagepublish-prod-s3-amazonaws-com_61a7d5dc-7fe6-11e6-8e50-8ec15fb462f4

Орбан во обиколка на унгарскиот анти-бегалска ограда во друштво со бугарскиот колега Борисов

 

бегалци Виктор Орбан кампања референдум Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.