Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарскиот “Стоп Сорос” закон стаса во Парламентот на гласање

1
By Нова ТВ on February 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог-законот “Стоп Сорос” на унгарската Влада стаса во Парламентот на гласање. Овој закон е клучен дел од анти-имиграциската кампања на премиерот Виктор Орбан и неговата борба против американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Владата вели дека нацрт-законот, со кој се воведува данок од 25 отсто на странски донации за НВО кои ја поддржуваат миграцијата во Унгарија.

Предлог-законот вели дека НВО кои “спонзорираат, организираат или поддржуваат влез или престој на државјани на трета земја на унгарска територија преку безбедна трета земја … се квалификуваат како организации што поддржуваат миграција”.

Таквата активност – вклучувајќи кампања, застапување, регрутирање на волонтери, печатење информативни брошури – ќе мора да биде одобрена од министерот за внатрешни работи и кој би можел да не ја дадае таа дозвола ако заклучи дека тоа е “ризик за националната безбедност”.

Ако некоја НВО продолжи со таква активност, обвинителството би може да го одземе даночниот број на НВО, да наметне високи парични казни па дури и да ја забрани.

За Сорос оваа кампањата против него е полна со лаги со цел да создаде лажен надворешен непријател. Некои провладини медиуми шпекулираат дека на Сорос може да му забрани влез во Унгарија.

За Унгарскиот Хелсиншки комитет, невладина организација која се бори за човековите права, вклучувајќи ги барателите на азил и затворениците, законот е неприфатлив и има политички цели.

“Негова цел е да се стигматизираат одредени граѓански организации што на владата не и се допаѓаат … и да ги оддалечи од општеството и на крајот да ја направат нивната операција невозможна”, се вели во соопштението.

Овие постапки на Орбан вклучија аларм во ЕУ и САД. Европската комисија минатата година ја тужеше Будимпешта во Судот на правдата на ЕУ поради законот за невладини организации и законот за високо образование чија цел беше да се оневозможи работата на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, основан од Сорос. Според ЕУ ваквата политика не с+е во согласност со стандардите на ЕУ за демократијата и владеењето на правото.

Во Унгарија се одржуваат парламентарни избори на 8 април а анкетите покажуваат дека Орбан би можел да добие и трет мандат на чело на државата.

Виктор Орбан владеење на право демократија ЕУ закон невладини организации Унгарија Џорџ Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.