НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урсула фон дер Лајен денеска објавува стратегија за излез од рестриктивните мерки

0
By Нова ТВ on April 15, 2020 СВЕТ
Фото: elperiodico.cat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија (EK), Урсула фон дер Лајен денеска треба да ја објави стратегијата за излез од ограничувањата што се воведени за заштита од коронавирусот.

„Иако е јасно дека патот за враќање во нормала ќе биде многу долг, очигледно е дека вонредните ограничувања нема да може да траат неограничено“, пишува Европската комисија во својот документ на 14 страници.

Забраните за излегување со цел да се спречи ширењето на коронавирусот имаат позитивни ефекти, но предизвикаа и огромен економски шок и тешко го оптоварија општествениот живот, се вели во анализата на Европската комисија. Во неа се истакнува дека економијата во земјите кои се дел од монетарната унија годинава ќе падне за 10 отсто или како никогаш досега по светската економска криза во 20. години од минатиот век.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе разговара со покраинските премиери за можни сценарија за олабавување на мерките во земјата и враќање кон нормала. Економските здруженија бараат олабавување на мерките, додека здравствените експерти предупредуваат.

Да се избегнат тензии меѓу членките на ЕУ

Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите членки на Европската Унија (ЕУ) да ги олабавуваат мерките колку што е можно покоординирано и да се договараат за натамошните чекори во борбата против пандемијата.

„Евентуална некоординација при укинувањето на ограничувањата крие опасност од негативни ефекти за сите држави членки и веројатно ќе доведе до пораст на тензиите меѓу членките. Во криза не постои универзален метод, но земјите членки би требало барем да се информираат меѓусебно“, опоменува Европската комисија.

На почетокот на кризата земјите членки меѓусебно се изненадија со затворање на границите и ограничувања на патувањата. При отворањето на границите, според Урсула фон дер Лајен, работите треба да одат поинаку. Во интервју за „Билд ам Зонтаг“, претседателката на ЕК изјави дека не може да зададе конкретни рокови.

„Воопшто не сакам за тоа да се одлучува централно, затоа што состојбата во Милано е сосема различна од онаа во Минстер, исто како што се разликува во градските од селските средини“, изјави Фон Дер Лајен.

Инфекциите би можеле да се зголемат

Европската комисија наведува три критериуми за олабавување на корона-ограничувањата, но не наведува временски планови и рокови. Според препораките на ЕК, ограничувањата на движењето би можеле да олабават доколку здравствените системи не се преоптоварени, доколку бројот на инфекции е доволно намален и доколку е можна заштита на загрозените групи граѓани.

„Меѓутоа, извесно е дека постепено олабавување на ограничувањата ќе доведе до нови инфекции“, предупредува ЕК. Тоа би морало да им биде јасно на сите, па затоа, според Комисијата, е неопходно консеквентно набљудување на ситуацијата и ако е потребно и ново заострување на правилата и мерките. „Ќе мора да живееме со вирусот додека не се најде вакцина.“

Урсула фон дер Лајен имаше намера да ја објави егзит-стратегијата што беше направена по барање на шефовите на држави или влади на ЕУ во минатата недела. Но, беше запрена од загрижените влади на некои држави, па мораше да ја откаже веќе закажаната прес-конференција. Некои од државите сакаа прво да ги сочекаат велигденските празници за да не разбудат лажни надежи за брзо олабавување на мерките.

Во меѓувреме, ЕК малку го преработи текстот и сега тој е напишан со повеќе условни реченици и препораки. Меѓутоа, она што е неспорно е дека компетенциите за борба против болеста и за заштита на здравјето на граѓаните се во рацете на државите членки на ЕУ. Централата во Брисел може само да апелира за постапување со мерка и постепено враќање кон нормала на внатрешниот пазар и слободата на движење во ЕУ.

Наредна цел – обнова

Сосема на крајот на планот за олабавување на мерките, Урсула фон дер Лајен со задебелени букви дава ветување дека ќе има план за обнова на економијата во Европа. Побарувачката и производството ќе мора повторно да се поттикнат, а даноците евентуално да се намалат. „Комисијата сака да направи план за обнова кој ќе почива врз среднорочното буџетско планирање и преработен план за работа за 2020 година“.

Наредната недела шефовите на држави или влади ќе разговараат за фонд за обнова и еден вид „Маршалов план“. Целта на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, се инвестиции од повеќе стотици милијарди евра.

ЕК ЕУ Коронавирус мерки Олабавување стратегија Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.