Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Устав и собраниски Деловник: Оставка на премиерот значи оставка на цела Влада, претседателот за 10 дена треба да довери мандат

0
By Sashko on December 23, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 08:52

Претседателот на Владата, Зоран Заев вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави најавената оставка на премиерската функција, која треба да биде констатирана пред денешната седница за пратенички прашања, со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада.

Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. Владата која поднела оставка или на која мандатот и престанал, останува на должност до изборот на нова Влада“.

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Потоа, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Зоран Заев во пишаната оставка до Џафери наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати. Тој исто така вели дека оставката нема усно да ја образложи пред пратениците.

По констатирањето на оставката, се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.

По добиениот мандат Ковачевски во првата половина на следниот месец до Собранието би требало да ги достави програмата и предлогот за состав на новиот владин кабинет, по што би уследил избор на неговата влада на собраниска седница.

Влада деловник Зоран Заев Македонија мандат оставка претседател Собрание Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 24, 2026

ЦИВИЛ – Центар за слобода /  Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 24, 2026

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена…

Артан Груби го напушти Идризово – судење ќе чека притворен дома

February 23, 2026

ЕУ го замрзна трговскиот договор со САД поради новите царини на Трамп

February 23, 2026

Утре, 24-ти април, 4 години со Украина – ЦИВИЛ домаќин на меѓународен онлајн настан „Четири години агресија: Отпорот на Украина и

February 23, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.