Нема да се поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба која беше донесена на 17 април и важи до 16 мај. Вака одлучи Уставниот суд на Македонија на денешната седница.

Наредната седница на уставните судии е закажана за четврток и во неа ќе се расправа за полицискиот час, кој е оспорен поради дискриминација на граѓаните и други основи.

Уставниот суд минатата недела го разгледуваше и предлогот за оценка на уставноста на одлуката за распуштањето на Собранието по што одлучи да не ги врати пратениците назад на работа.