Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вардар на гости кај Копенхаген за плеј-оф во ЛШ: Кога ако не сега

0
By Нова ТВ on August 2, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот празник (114 години од Илинденското востание) и православниот (чествувањето на „Свети Илија“), фудбалерите на Вардар ќе се обидат да го претворат и во фудбалски празник за себе, за клубот, за навивачите и за целокупната јавност. Вечерва (20 ч.) на „Паркен“ во Копенхаген низ возвратните 90 минути со истоимениот домаќин ќе треба да докажат дека се созреани за предизвик и притисок во натпревар чиј влог е пласман во плеј-офот за Лигата на шампиони. Имаат 1:0 од Скопје, резултат што најдобро се негува со избалансирана игра во двата правца наместо со ориентирање кон одбрана на сопствениот гол.

„Копенхаген е квалитетен тим. Да не се залажуваме. Тоа што победивме во Скопје дојде како резултат на наша добра игра. Со таква намера и дојдовме во Данска за наши нови квалитетни 90 минути во обид да излеземе како севкупни победници во двомечот со данскиот првак и, секако, да отвориме нова страница во клупската историја“, коментира Бобан Грнчаров.

Вардаровиот капитен е согласен дека дефанзивата не е опција за елиминација на Копенхаген. Потребна е, вели тој, и демонстрација на храброст и сила за закана кон противничкиот гол како единствен начин за премостување на данскиот ривал. Дека се кадарни за тоа, „црвено-црните“ ставија до знаење на „Телеком арената“, а со пресликан пристап и настап денеска да покажат дека играта и триумфот во Скопје не беа случајност.

„Не смееме да се повлечеме и да мислиме само на одбрана на резултатот. Така би оставиле многу простор за фудбалерите на Копенхаген да тргнат по нивната цел. Подготвени сме за ова што нè очекува, свесни сме дека стадионот ќе биде полн и навивачите ќе бидат голема поддршка меѓутоа атмосферата ќе биде мотив и за нас. Треба да бидеме трпеливи, концентрирани, да нападнеме и, по можност, да дадеме гол. Ако реализираме ќе бидеме многу блиску до севкупна победа во двомечот“, дополни Грнчаров.

Копенхаген го наслови реваншот со Вардар како еден од најважните натпревари во сезоната. Клубот упати отворена порака до фановите да го исполнат „Паркен“ до последно место и да бидат 12 играч на данската екипа за пробивање до плеј-офот во ЛШ. За нивно привлекување во што поголем број и „подмачкување на грлата“ организира т.н. „трето полувреме“ за дружење и загревање пред натпреварот со многу пиво (првите 100 литри беспатни) и храна како подготовка за посакуваното славје. Дали вардарци ќе успеат да ги нарушат победничките планови на домаќините ќе биде познато нешто пред 22 часот.

Победникот од македонско-данскиот двомеч ќе продолжи во плеј-офот за Лигата на шампиони, како последно коло пред фазата по групи, како утеха за елиминираниот состав ќе биде трансфер во плеј-офот за УЕФА Европа Лигата.

Лига на шампиони/квалификации/3 коло/реванш мечеви

АПОЕЛ – Виторул (0:1)

БАТЕ Борисов – Славија Прага (0:1)

ЦСКА Москва – АЕК (2:0)

Истанбул Басакшехир – Бриж (3:3)

Копенхаген – Вардар (0:1)

Викторија Плзен – ФЦСБ (2:2)

Јанг Бојс – Динамо Киев (1:3)

Хафнарфјордур – Марибор (0:1)

Лудогорец – Хапоел Бер Шева (0:2)

Ајакс – Ница (1:1)

Легија Варшава – Астана (1:3)

Олимпијакос – Партизан (3:1)

Риека – Салцбург (1:1)

Розенборг – Селтик (0:0)

Во заграда се резултати од првите средби.

Вардар квалификации Копенхаген Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.