Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји оптимист: Очекувам „зелено светло“ од ЕУ за почеток на преговори со С. Македонија и Бугарија со оглед на ангажманот на Скопје и Софија

0
By Sashko on October 19, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на денешната прес- конференцијата за извештаите за земјите од Западен Балкан не даде дополнителни објаснувања за новинарите и повтори дека очекува до крајот на оваа година „зелено светло“ за преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Запрашан на што го темели оптимизмот за „зелено светло“ од земјите-членки до крајот на оваа година, Вархеји рече дека е „ангажиран со двете страни, Бугарија и Северна Македонија“.

Се сретнав со лидерите на двете земји и врз таа основа би требало да најдеме решение и да го убедиме Советот да даде зелено светло уште оваа година, рече Вархеји.

На прашање на МИА да објасни зошто пред европратениците тој рече дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев му е „таен помошник“ во преговорите меѓу Скопје и Софија, Оливер Вархеји одговори:

Тоа, се разбира, значи дека работам со европратениците, затоа што можат да бидат од помош во пренесување на пораки меѓу политичките чинители и се надевам дека пренесувањето на овие пораки ќе помогне да дојдеме до решение, изјави тој.

Вархеји, исто така, повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат, иако тој во мај имаше различен став кога во интервју за „Евроњуз“ изјави дека ако не се реши проблемот со Бугарија, ќе треба да се разгледува опцијата Албанија да се одвои од Северна Македонија во процесот.

„Двете земји ги исполнија сите критериуми и услови за отворање на првата Меѓувладина конференција и затоа треба да работиме заедно, како што реков во комисијата за надворешни работи, големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување така што сакаме да најдеме решение“, рече денеска еврокомесарот за проширување. 

Албанија еврокомесар ЕУ Македонија Оливер Вархеји преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.