Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва се затвора „Охридско лето“: За крај претставата „На отворено море“ на Југословенскиот драмски театар

0
By Sashko on August 20, 2021 КУЛТУРА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 09:46

Со изведба на претставата „На отворено море“ во режисерска поставка на Егон Савин и актерската екипа на Југословенско драмско позориште од Белград, вечерва во Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на 61. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателски и љубовни врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера.

Улогите ги толкуваат Ненад Јездиќ, Слобода Миќаловиќ, Љубомир Бандовиќ, Весна Станковиќ, Бојан Лазаров, Цвијета Месиќ, Jована Беловиќ, Бојан Димитријевиќ, Небојша Миловановиќ, Mаја Колунџија Зорое, Mарко Баќовиќ и Богдана Обрадовиќ.

Претставата почнува од 21 часот, а не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Режисерот Егон Савин е редовен професор на Катедрата за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирал различни драмски репертоари, од современи домашни автори до светски класици. Работел низ цела поранешна Југославија и во странство. Во Југословенско драмско позориште ги режирал:„ Маките по Живоин“ од Радослав Павловиќ, „На летовање“ од Максим Горки (1990 година), , Шумата од А. Островски (2005 година), „Така мораше да биде“ Бранислав Нушиќ (2007 година), „Тартиф“ на Молиер (2008 година), „Вујко Вања“ А.П. Чехов (2018 година) и многу други. Добитник е на најзначајните домашни и меѓурнародни награди и призанија за режија.

Инаку, изминатите 40 фестивалски дена минаа без било какви откажувања или измени во програмата. Сцените на црквата „Света Софија“, нејзиното предворје, на Античкиот театар, Долни Сарај, како и Центарот за култура „Григор Прличев“ беа местата низ кои продефилираа повеќе од 500 уметници од 18 држави од Европа и целиот свет.

„На отворено море“ култура Македонија Охридско лето претстава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.