Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Четврти протест против “автократот Александар Вучиќ”

0
By Нова ТВ on December 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 30, 2018 10:25

По четврти пат, под називот “Еден од пет милиони”, граѓаните на Србија синоќа се собраа на голем протест против српскиот шеф на државата Александар Вучиќ. Пред собраните граѓани зборуваа актерот Бранислав Трифуновиќ, новинарот Срѓан Шкоро и претседателот на месната заедница Ракита Десимир Стојанов. На чело на протестниот марш беше Синдикатот на воените пензионери.

Според проценките, на протестот имало повеќе десетици илјади граѓани.

Насловот “Еден од пет милиони” се наметна откако по првата демонстрација Вучиќ изјави дека пет милиони луѓе да излезат на протест, нема да исполни ниту едно барање на опозициските лидери, кои според него, се дискредитирани.

Поддржувачите на опозицискиот блок од 30 партии и организации , наречен “Алијанса за Србија”, го дефинираат Вучиќ како автократ, а неговата Српска конзервативна партија како корумпирана.

Вчера во интервју за локалната телевизија “Студио Б” српскиот претседател изјави дека не се плаши од протестите и дека тие се демократско право, под услов да не дојде до проблеми.

Во протестната процесија, исто така, е и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ , кој ги поддржува демонстрантите:

“Луѓето денес се на улица, бидејќи им е преку глава од неправдата, корупцијата, насилството и уценувањето. Денес во Србија не можеш да се бориш со овие работи преку институциите, бидејќи тие речиси се откажаа од  работа. Затоа денес се собравме толку многу луѓе тука. ” – коментираше Јеремиќ.

Шкоро порача дека цел на протестот е рушење на власта на Вучиќ:

– Наскоро ќе дојде време кога Вучиќ ќе моли за милост, но милост за него и за неговите нема да има, порача тој. Следниот пат, рече Шкоро, “секој од вас нека поведе со себе едно лице што не било на протест за да има повеќе”.

Петтиот протест е закажан за 5 јануари.

Според организаторите, протестот има повеќе барања: да му се овозможи на секој да го каќе својот став во емисиите на српската нациоална телевизија, да се откријат нарачателите на убиството на Оливер Ивановиќ, да се откријат нарачателите на претепувањето на Борко Стефановиќ и на членовите на Левица Србија, да се откријат нарачателите на палењето на куќата на Милан Јовановиќ, сопственик на порталот Жиг а министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ да поднесе оставка.

 

Александар Вучиќ Вук Јеремиќ Еден од пет милиони Оливер Ивановиќ протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.