Автобус со романски регистарски таблички вечерва се запали во регионот Гурково во Бугарија. За среќа нема повредени, а во автобусот бил само возачот.

Според пожарникарите, автобусот се самозапалил во движење и најверојатно станува збор за техничка неисправност.

Возачот зборува само романски јазик, па сè уште нема информации на каде патувал.