Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, поднесе оставка откако се најде во скандалозна ситуација поради кршење на мерките за одржување на физичко растојание, откако Сан објави фотографии од снимка од видеонадзор, на кои се гледа како Хенкок ја прегрнува и ја бакнува соработничката Џина Коладанџело, мажена лобистка што минатата година тој ја унапредил на платена позиција.

Наскоро по писмената изјава, Ханкок објави видеопорака на Твитер. „Ние што ги создаваме овие правила мора да се придржуваме до нив и затоа јас морам да дадам оставка“, рече тој.

Од Даунинг стрит ја испратиле оставката на Хенкок до премиерот Борис Џонсон.