Во рамките на предизборната кампања на кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 15.октовмри, Петре Шилегов од СДСМ кој е кандидат за Скопје, и Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за општина Бутел, денеска случајно се сретнаа.

Караваните на двата табора си подадоа рака и по краток разговор си порачаа дека граѓаните се тие кои ќе решат кој ќе ја води локалната самоуправа во Бутел, а кој во Скопје.

Шилегов му порача на Костовски дека за него би било подобро ако СДСМ го освои градоначалничкото место во Скопје, притоа алудирајќи дека и ВМРО-ДПМНЕ бил свесен за неговата победа.

Костовски при тоа на Шилегов му порача дека 15.октомври е денот кога СДСМ ќе сфати дека народот е за ВМРО-ДПМНЕ.

Главен противник во трката за фотелјата во град Скопје, на Петре Шилегов му е Коце Трајановски, додека во Бутел, главен противник на Костовски од редовите на СДСМ му е Велимир Смилевски.