Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео): Заев: Животот продолжува во нова нормалност, протоколите за заштита се наш влог во иднината

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Време е сите ние, како поединци, но и како општество да се подготвиме за новата нормалност, да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува и се држи под контрола, но вирусот сè уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во видео обраќањето до јавноста кое следува по вчерашното олабавување на дел од рестриктивните мерки на Владата во насока за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето. Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие. Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето“, истакна Заев.

На тој начин, вели тој, „сите ние, делуваме како тим. Заеднички си помагаме, но им помагаме и на здравствените работници кои со месеци се на првата линија на борбата со вирусот“. Новата нормалност, според него, значи дека живеачката ќе продолжи согласно протоколите за заштита, а со тоа и секојдневните обврски и активности – семејни, приватни и професионални. Во таква нова нормалност, нагласи лидерот на владеачката партија, ќе се одвиваат и сите процеси во нашето општество.

„Така ќе функционираат градинките, училиштата, факултетите, јавниот живот, театрите,  фабриките, јавниот транспорт, итн. Политичкиот систем кој денес е во крајно комплицирана состојба, исто така, ќе функционира во рамки на оваа нормалност. На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните. Институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност и подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен.Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември подготвени. Со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија. Новата нормалност значи организирање на изборен процес, кампања и гласање согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Сто отсто сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес. Покажавме дека заедно можеме да се избориме со невидливиот непријател и да го заштитиме јавното здравје. Сега е време да покажеме дека заедно можеме да ја обезбедиме новата нормалност, да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме македонската економија“, вели Заев во видео обраќањето.

живот Зоран Заев Коронавирус СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.