Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) „Зелен план“ на ЕУ: Европа да биде прв климатски неутрален континент до 2050 година

0
By Нова ТВ on December 14, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета? – Човештвото се соочува со егзистенцијална закана – целиот свет започнува да го воочува тоа. Горат шуми од Америка до Австралија. Пустините растат во Африка и во Азија. Покачените нивоа на морето се закана како за европските градови така и за островите во Пацификот.

Човештвото и порано сведочело на вакви појави, но никогаш со толкава брзина. Науката ни вели дека сè уште може да ја запреме оваа епидемија, но и дека имаме сè помалку време за тоа.

Европска комисија не губи време. Денес, помалку од две седмици по почетокот на мандатот на новиот состав на чело со Урсула фон дер Лајен, се промовира Европскиот зелен план. Целта е Европа да стане прв климатски неутрален континент до 2050 година, забавувајќи го глобалното затоплување и ублажувајќи ги неговите последици. Ова е задача за оваа генерација, но и за наредните. Промените мора да започнат сега и се истакнува увереност во ефектите.

Европскиот зелен план е новата стратегија за раст на Европа. Тој ќе ги намали емисиите, истовремено креирајќи работни места и подобрувајќи го квалитетот на живот. Зелената нишка ќе провејува низ сите политики – од транспорт до оданочување, од храна до земјоделство, од индустрија до инфраструктура. Интенција е со т.н. „Зелен план“ да се инвестира во чиста енергија и да се прошири опфатот на тргувањето со емисии, но со него, исто така, ќе се стимулира и кружната економија со цел и зачувување на биолошката разновидност на Европа.

Автор: Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската комисија

„Зелен план“ Европска комисија ЕУ климатски промени Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.