Симона Халеп е прва финалистка на Вимблдон. Романката, која во Лондон настапува како седма носителка, во полуфиналето ја совлада Елина Свитолина со убедливи 6:1, 6:3 за еден часа и 12 минути игра. Притоа успеа да направи дури пет брејка додека укаринската тенисерка врати само еден.

Халеп ќе игра за титулата на Вимблдон против подобрата од втората полуфинална пресметка меѓу Американката Серена Вилијамс и Барбора Стрицова од Чешка. Женското финале на „All England Club“ е во сабота попладне.