Секој мора да поднесе одговорност согласно законите, рече денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски откако директорот на Македонски народен театар, Драган Спасов Дац, вчера предизвикал сообраќајна несреќа во која удрил 21-годишна девојка.

Според Владата, лице кое сторило тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

„МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок сите наоди ќе и бидат презентирани на јавноста. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ“, рече Бошњаковски.

Несреќата се случила вчера околу 21:20 часот во скопската населба Кисела Вода во близина на местото познато како Шампионче.