Македонија доби нова влада. Неколку минути пред полноќ, пратениците со 62 гласа „ЗА“, 44 „ПРОТИВ“ и 5 воздржани го избраа новиот владин кабинет на премиерот Зоран Заев. Министрите и премиерот по изборот дадоа свечена заклетва и се обврзаа дека ќе работат согласно Уставот и законите.

Последен од говорницата се обрати Заев кој вети дека ќе работи на сплотување на народот, а не на разединување.

Заев им одговори на сите пратеници што говореа овие два дена на собраниската седница.

„Никола Груевски денеска ги зборуваше истите работи што ги зборува последниве месеци“, рече Заев.

Во однос на името најави дека новата влада ќе разговара со опозицијата и одлуката ќе се носи со консензус, а потоа ќе се организира референдум. Но, како што рече, во функција на наоѓање решение, а не да се блокира.

Тој рече дека никој нема да има контрола во правосудството. Меѓу другото потенцираше и дека проктите од претходната влада кои се добри, како што се изградбата на железницата, ќе продолжат да ги реализираат. На крајот од излагањето тој побара подршка и од сите партии за реформите.

Заев исто така вети дека новата влада ќе одржи лекција по економија во земјата