Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата не отстапува од изменетата траса за гасоводот на Водно

3
By Нова ТВ on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 22, 2018 14:57

Владата на Република Македонија направи измени на проектната документација за изградба на гасоводот низ Парк шумата Водно со што е намалена количината на дрвја што треба да бидат исечени и е намалена широчината на трасата од 25 на 10 метри, а нејзината должина низ Парк шумата Водно е скратена за четири километри, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција во Владата.

– Ако Владата и Градот Скопје одделија средства за пошумување на Парк шумата Водно и ние тврдиме и гарантираме дека тоа ќе се случи. Мислам дека сме направиле се за да продолжи изградбата на гасоводот на Водно. Невладините организации беа комплетно инволвирани во овој процес. Со нив беше разговарано и комуницирано четири-пет месеци. Ние сме на ставот дека гасоводот е стратешки приоритет и дека евентуалната мала штета што ќе се направи при неговата изградба двојно ќе ја надоместиме. И ние не го даваме Водно и ние сакаме да го заштитиме, Тоа е наше заедничко богатство и нема да дозволиме на никаков начин да ја загрозиме природата и да и наштетиме на животната средина,  рече министерот Сугарески.

Промената на трасата, како што истакна директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи, ќе значи одложување на проектот за најмалку пет години и дополнителни 20 милиони евра, но, како што посочи, тоа не е единствениот проблем, бидејќи за трасата по северниот дел на Скопје ќе треба да се исече повеќе шума, таа ќе поминува низ ерозивен дел, низ густо населен појас, а, како што кажа, е недозволиво и ќе треба да се сече со главниот водоснабдителен систем за Скопје.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека гасификацијата ќе значи за 31 отсто намалување на загадувањето во Градот Скопје, а скопскиот градоначалник Петре Шилегов порача дека Скопје не може да ја спречува гасификацијата на останатите градови во Македонија и додаде дека обезбедил Градот да добие 43 милиони денари од МЕР за пошумување на Водно, уверување од Министерството за одбрана дека ќе се пошумат и ерозивните делови на Скопска Црна Гора, владина поддршка за регулирање на речните корита на Лепенец и Серава, еден милион евра од МЖСПП за намалување на загадувањето.

Граѓанските здруженија не отстапуваат од битката за Водно

На 15 август, граѓанските иницијативи испратија и дописи до меѓународни институции и банки со кои алармира за заканата од уништување на парк шумата Водно од изградбата на гасоводот низ значајни подрачја на природата богати со биодиверзитет.

Во неделата, на сртот на планината во близина на Милениумскиот крст, граѓанските иницијативи во одбрана на Водно одржаа протест на кој им се придружија околу стотина граѓани, планинари и велосипедисти. Тие на големото платно на кое пишуваше „Не низ Водно“ ги испишаа своите пораки за заштита на парк шумата и потоа ги поставија пред багерите кои се наоѓаат на планината поради градежните работи за изградба на гасоводот.

Од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ исто така објавија соопштение насловено како Зошто „Не низ Водно“, во кое опширно одговорија на официјалниот став на Владата од 29 јули, во кој се посочува дека гасоводот низ Водно е еколошки проект со минимален ефект врз животната средина, денеска преку соопштение реагираа од иницијативата „Не низ Водно“.

 

Влада Водно гасовод граѓански иницијативи траса
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.