Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата размислува за ребаланс на буџетот кон средината на годината

0
By Нова ТВ on April 21, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 21, 2018 18:01

Владата размислува за ребаланс на буџетот, кој, како што изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција очекува да се случи кон средината на годината.

-Ребалансот на Буџетот не е нова работа. Секоја година се прави. Ние би правеле и 4 и 5 пати само да ги зголемиме капиталните инвестиции, само за да биде ефикасен буџетот до крај, и да стигнат овие пари на граѓаните до што поголем број на граѓани. Преку компаниите, преку капиталните проекции, преку социјалните политики, преку здравствените политики и така натаму. Веројатно околу средината на годината ќе отпочнеме некои постапки. Немаме отпочнато ребаланс, но не значи дека не размислуваме. Гледаме при проекциите каде остануваат резерви. Проекциите се дека можеме да очекуваме 25 милиони евра заштеди, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој, додаде дека овие заштедени средства Владата планира да ги алоцира во програма за канализација и водоводи, детски градинки и училишта, но како што нагласи, последниот збор ќе го каже министерот за финансии.

На прашање за намалувањето на проекциите за економски раст, од страна на Светска Банка и ММФ, премиерот изјави дека таквите прогнози се резултат од зимскиот период, кој како што рече, „остава впечаток на ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции“.

-Тоа секогаш се случувало. Зимата се користи за подготовка на проектите, на плановите, за сè. Јас верувам дека ако успееме 65 отсто да реализираме од тоа што сме планирале, дека ќе го постигнеме растот од 3,2 отсто. Знаете дека мојата амбиција е 4 отсто. Може Македонија да го достигне тоа. Тоа не зависи само од нас, зависи многу и од општините, да издаваат одобренија за градба, но да не биде тоа изнасилено градење, како што зборуваат граѓаните, рече Заев.

Целта на Владата е до крајот на мандатот да се постигне раст на економијата од пет проценти.

буџет економски раст Зоран Заев проекции ребаланс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.