Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе расправа за намалување на ДДВ на струјата и за воведување на еколошка такса на горивата

0
By Sashko on June 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата утре на седница ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и за воведување на еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Владата се надева оти предложените мерки ќе важат од 1 јули и дека дотогаш ќе успеат да се изгласаат во Собранието.

-Владата утре треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата, рече министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.

Прецизирајќи дека Владата не размислува да се повлече и дека Владата утре носи одлука, но посочувајќи дека не може да зборува во име на цела Влада, во смисла кога се носат одлуките на седница на влада, оти надлежноста на Министерството за финансии е само за данокот на ДДВ, додека еколошката такса е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според предлогот, ДДВ кај електирчната енергија за домаќинствата од 1 јули 2021 година треба да се намали од 18 на пет отсто, потоа наредната година да биде на ниво од 10 отсто и третата година да се врати на 18 отсто. Целта е да се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија.

Додека кај еколошката такса, посочи на тоа дека се однесува на друг закон што е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање и дека тоа е за дополнителен износ на она што веќе постои во законското решение со цел да се поддржат зелени проекти, а не како претходно делот на акцизата на горивата.

– Сега не се интервенира кај акцизата, каде со последната измена има варијабилен дел кој зависи од цената на горивата на светските берзи. Сега зборуваме за еколошка такса која се регулира со закон од Министерството за животна средина и просторно планирање и тие средства ќе се користат за проекти за обновливи извори на енергија, енегетска ефикасност, како и за зелената агенда. Има разни програми кои се дефинирани во овој дел, има посебен фонд и посебна потпрограми отворена со ребалансот, но и други проекти и програми во рамки на буџетот што се за оваа намена во однос на проекти за подобра животна средина, рече министерот.

Влада Горива ДДВ Еколошка такса Македонија намалување струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.