Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владејачките партии се изјаснија за кампањата, ВМРО ДПМНЕ – в среда

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 27, 2018 11:46

Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември.

Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во пратеничката група.

Кампањата за референдумот се очекува Собранието да ја започне околу 10 септември.

Министерот Дамјан Манчевски, како претставник на Владата, претпладнево присуствуваше на координацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.  На координацијата повторно не дојде координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, кој потоа пристигна  во Собранието на средба со петмината американски сенатори.

Засега во рокот што Џафери им го даде на пратеничките групи да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата и дали се „за“ или „против“ се изјасниле партиите од владејачкото мнозинство, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ официјално е најавен за в среда.

Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА и Алијансата на Албанците веќе доставиле известувања дека ќе учествуваат во кампањата и дека ќе бидат „за“ референдумското прашање, додека во следните неколку часа се очекува и официјалното известување од Беса чии пратеници во изјави за медиуми деновиве, сепак, информираа дека ќе ја поддржат референдумската кампања и се „за“ референдумското прашање.

На претпладневната координација станало збор и за собраниската седница што треба да се одржи во среда на која на дневен ред ќе бидат ставени и прашања врзани со одредени кадровски решенија што денес би требало да помина на собраниската Комисија за прашања на именувањата и изборите, но и други точки како закони во прво и во второ читање

кампања координација референдум Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.