Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата со „бомби“ се загреваат за изборите

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на утрешната лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ си ги „утврдуваат“ позициите за изборниот датум. Паралелно трае и Јутјуб „војната“ со снимени разговори во кои наизменично се менуваат снимки од Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

СДСМ и партнерите од коалицијата „Можеме“ вчера одлучија дека средината на јуни (14 јуни) е идеалниот термин за одржување на предвремените парламентарни избори и тој термин ќе го понудат на лидерската средба.

„Во ситуација кога пикот на коронавирусот е минат, кога интензитетот се намалува, треба да се одржат изборите затоа што во такви услови нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека наесен се очекува нов бран од вирусот“, порача Заев по состанокот со коалициските партнери. Начелниот предлог на СДСМ е 14 јуни, но со простор за договор со опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ од претходно, преку партискиот лидер Мицкоски, инсистира дека изборите можат да се одржат најрано еден месец подоцна од она што го предлага СДСМ, односно на средината на јули. Мицкоски и неговата партија деновиве се повикуваат и на мислење на Венецијанската комисија, според кое, по вонредна состојба избори мора да се одржат по најмалку 60 дена.

На таквиот став се спротивставуваат од СДСМ кои наведуваат дека мислењето се однесува на Грузија каде и самиот Устав предвидува дека изборите може да се одржат 60 дена по прогласена воена или вонредна состојба.

Паралелно, преку социјалните мрежи, власта и опозицијата си фрлаат „бомби“. Откако пред два дена актуелни беа снимки од разговор на Христијан Мицкоски со Зоран Милевски-Кичеец, потоа редот му дојде на Заев да објаснува за тоа што сакал да го каже во снимките стари неколку години во кои зборува за протестите против поранешната власт, СЈО и локален бизнисмен.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги објави снимките и на прес-конференција и го обвини Заев дека „го пцуе и дрско го навредува својот народ“.

бомби ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Македонија СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.