Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта тврди – нема тајни преговори со Софија, опозицијата бара одговори

0
By Sashko on June 5, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 5, 2021 08:48

Нема никакви тајни преговори, македонските позиции се јасно и гласно декларирани и со тоа се запознати и ВМРО-ДПМНЕ и домашната јавност и пошироката меѓународната заедница, изјавија вчера од Владата, откако од опозициската партија обвини за водење на тајни преговори со Бугарија и побараа одговор на прашањето дали е точно дека премиерот Зоран Заев ги прифаќа бугарските позиции.

-Секој ден нов антидржавен потег на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа се неточните и неодговорни изјави со кои свесно ги поткопуваат дипломатските процеси што одат во насока на откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија што би требало да е заеднички интерес, изјавија од Владата за МИА.

Во сите комуникации на членовите на Владата, наведуваат од Владата, се потенцира дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш не биле и никогаш нема да бидат на маса за преговори со која било страна.

– Очекуваме во важни периоди за државата максимална одговорност од сите чинители, а не популизам со манипулации за ситно партиски интереси, посочуваат од Владата.

За обвинувањата од ВМРО–ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев, вчера изјави дека не се преговара за нов договор со Бугарија, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Повтори дека не се преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

– Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија. Се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет. Значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија, рече Заев.

Повтори дека предлогот за кој се разговара во европските институции билатерално меѓу двете земји е португалскиот и оти првичните реакции од бугарска страна не се негативни.

– И од наша страна рековме дека е добра основа и да дадеме шанса на процесот затоа што за нас е важно тоа што го сфати цела ЕУ, а гледам го сфаќа и пријателска Бугарија – македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неприкосновени и за нив нема никакви разговори. Ова го соопштивме јавно, секаде и на сите состаноци во Брисел – додека е на маса или некој има намера да го стави на маса, за разговори и преговори, македонскиот јазик и македонскиот идентитет ние не преговараме. А сега гледате дека разговараме, значи ова прашање е тргнато на страна, рече вчера Заев.

Според него, неодговорните статуси на Фејсбук од страна на опозицијата и коментарите во јавноста, не и носат добро на државата, потенцирајќи дека државата мора да чекори напред и да наоѓа решенија.

– Сме кажале дека е заедничка грижата за нашиот јазик и нашиот идентитет. Португалскиот предлог го имаат и опозициските партии, тоа сум сигурен и знам дека е така, драго ми е што не излегуваат детално да го коментираат, затоа што може да се нанесе штета, затоа што се уште се разговара за предлогот, но дефинитивно јас ве уверувам дека нема нешто кое што би го загрозило нашиот интерес, односно може само да ја гарантира нашата европска иднина. За други дебати секогаш сум на располагање, а штом ќе заврши оваа фаза на разговори јас стојам на располагање да излезам на дебати со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Во однос на тоа дали ја прифаќаме декларацијата на бугарското Собрание, тој одговори дека не ја прифаќаме, повторувајќи дека португалскиот предлог води грижа и внимание и за двете страни и оти се надева на можно решение, без, како што рече, да ги подгрева очекувањата, бидејќи Бугарија има се уште техничка Влада.

-Навистина една неправда од 16,5  години чекање со кандидатски статус, тоа треба да е прво грижа на ЕУ, затоа што нашиот Западен Балкан нема друга алтернатива освен ЕУ. Ние продолжуваме со нашата европеизација, но би било добро и чесно да го одржат зборот – ни ветија и треба да испорачаат. Јас очекувам 22 јуни е првиот мегдан, следниот е септември, два три месеци разлика тоа да се реши. Затоа што имаме многу други предизвици, мора да почнеме со скринингот на целото законодавство, веднаш после тоа да ги отвориме првите поглавја, ќе гледаме како ни се европеизира државата, тоа е наша децениска тенденција што сме должни да ја оствариме, нагласи вчера премиерот.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги изнесе Антонијо Милошоски, член на ИК на партијата и пратеник во Собранието во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. Тој изјави дека Бучковски по наредба на Заев е на тајни преговори во Софија за прифаќање на дел од барањата на Бугарија.

Милошоски порача дека не смее да се дозволи бугарската декларација да стане составен од преговарачката рамка затоа што таа нема никаква врска со стандардите за процесот на интегрирање.

-Сметам дека на Македонија треба да и се дозволи самостојно да си ја гради својата историографија. Затоа што нашиот однос кон Гоце Делчев е како кон еден темел на македонската државноста. Тој темел на македонската државност не треба да е делив. Значи Гоце Делчев се жртвувал, работел, се борел и загинал за самостојна Македонија, рече Милошоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера се обрати со соопштението, во кое наведе дека смета оти е недоговорно да се врши национално предавство и да се преговара за историјата, јазикот и нашата посебност,

-Зоран Заев денес вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите кои ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик. Да, сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции, истакна Мицкоски.

власт Зоран Заев Македонија опозиција Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.