Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Му кажа ли Заев на Јункер за политичкиот прогон?!

0
By Нова ТВ on February 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 25, 2018 18:03

Коментирајќи ја посетата на претседателот на Европската Комисија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста го прашува премиерот Зоран Заев дали Жан-Клод Јункер го информирал за „политичката тортура која се спроведува во државата, неоснованите притвори и монтираната истрага против десетина лица за тероризам“.

Потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е силно посветена на европската интеграција на државата, партијата тврди дека Заев и СДСМ не можеле да зборуваат за реофрми кога, според нив, ни 50 отсто од Планот 3-6-9 не бил исплонет.

„ВМРО-ДПМНЕ останува силно на заложбите  за демократска Република Македонија во која принципот на владеење на правото ќе се почитува од сите институции. Дејствијата на власта и нејзината досегашна работа не се во согласност со европските вредности. СДСМ и Зоран Заев не можат да зборуваат за реформи, кога по 9 месеци немаат реализирано, ни 50% од планот 3-6-9. Наместо посветеност на реформските процеси, власта се насочи кон креирање на штетни договори, неуставни закони и расипничко трошење на парите на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, Заев требали да го информира својот соговорник дека Република Македонија  е единствената држава на тлото на Европа во која имало политички затвореници.

„Дали Заев го информираше господинот Јункер, дека во Република Македонија сопственици на медиуми се осудуваат на затвор заради новинарски текстови? Јавноста се прашува дали Заев го запозна својот соговорник со непотизмот кој царува во неговата влада и институциите со кои раководат кадри на СДСМ. СДСМ и Заев со своето дејствување ја загрозуваат демократијата и правната држава. Декларативните заложби за демократија не се доволни. Република Македонија има потреба од слободна држава во која владеењето на правото е единствен принцип по кој се водат сите“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната заедничка прес-конференција, по тет-а-тет средбата и билатералната средба на делегациите, претседателот на ЕК, Јункер, меѓу другото, упати силни пофалби за Заев, кој рече дека и ја поправил репутацијата на Македонија надвор, а некои од реформите кои ги спровела Владата го зачудиле светот.

ВМРО-ДПМНЕ ЕУ Заев Јункер Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.