Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Комисијата е желба за реваншизам на СДСМ

0
By Нова ТВ on November 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која не присуствуваа членовите на партијата, претставувало седница на партиска комисија на СДСМ, која не покажала достоинство да биде на нивото на обврската која ја има, односно да го заштити Уставот и уставниот поредок на Република Македонија.

– Денешната одлука не е базирана на факти и аргументи, туку е базирана на голата желба за политички реваншизам на СДСМ и кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но и кон многу граѓани кои покажале лична доблест и свест да проговорат јавно против политиките на СДСМ. Лишувањето од слобода на пратеници е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека со денешната одлука, СДСМ пратил порака дека не сака да постои опозиција на нивното владеење ниту во Собранието, ниту надвор од него.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија не сака да дава легитимитет на овие противуставни одлуки на партиската Комисија на СДСМ. Денес, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го преќути и аминуваше прекршувањето на Уставот и Деловникот за работа на Собранието. СДСМ сака да не постои опозиција во Република Македонија, ниту во Собранието, ниту надвор од него. Тие се спреми да го прекршат Уставот, законите, Деловникот, да ги загрозат основните човекови права, да го нарушат достоинствот и честа на сите кои не мислат како нив, стои во соопштението.

Денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ следи откако Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го одобри барањето на судот да им се одземе имунитетот на шестмината пратеници кои неодамна беа приведени од страна на полицијата за нивното учество во насилствата во Собранието на 27.април.

Пратениците на кои собраниската Комисија денеска донесе одлука да им го симне имунитетот, за што Собранието до сабота треба да даде согласнсост, се Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од СПМ.

27.април ВМРО-ДПМНЕ Комисија за мандатно имунитетни прашања насилство политички реваншизам СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.