Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако во текот на ноќта петмина од обвинетите за насилствата во СОбранието од 27 април повторно се вратени во притвор.
-Судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот. Обвинителството мора да ги гони вистинските криминалци во Македонија од кои дел се наоѓаат на Илинденска број 2, наместо да ги гони патриотите и уставобранителите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека „на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат“ и прашуваат што се сменило во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот.
Според ВМРО ДПМНЕ „притворите следуваат за да биде покриено сведочењето во судот на струмичкиот бизнисмен за барањето поткуп од Заев.