Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат број 1 на гласачкото ливче, под број 2 ќе бидат пратениците на ДПА, трети на ливчето ќе бидат ДУИ, а опозициската СДСМ ќе биде под број четири.

Редоследот на кандидатите за пратеници на гласачките ливчиња го одреди жрепката која ја спроведе Државната изборна комисија.

Со број шест ќе бидат означени кандидатите од ПДП, Коалицијата на за промени и правда ќе биде под број 5, Либерална партија 8, Левица 11, Беса 10, Алијанса за Албанците 7 и ВМРО за Македонија 9.

Во понеделник почнува изборна кампања за предвремени избори, која ќе заврши на 9 декември.