Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредната состојба до саботa: Се прават проценки дали ќе има продолжување

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2020 11:32

Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота. Засега останува отворено прашањето дали ќе има ново продолжување. Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека Владата сè уште нема донесено одлука дали ќе побара вонредната состојба во земјава да продолжи и во наредниот период. Тој рече дека се прават анализи и проценки врз основа на здравствената состојба.

„Апелирам да почекаме ден-два, кога ќе заседава Владата и да се направи проценката дали ќе имаме потреба од нова вонредна состојба и колкава ќе биде“, вели Спасовски.

Тој кажа дека се изготвува и извештајот до претседателот Стево Пендаровски, за тоа што е се направено во текот на оваа вонредна состојба. Останува на ставот дека приоритет е, пред сè, животот и здравјето на граѓаните, а врз основа на тој приоритет ќе ги носат и следните одлуки.

Доколку биде донесена одлука да продолжи вонредната состојба и Владата достави предлог, Советот за безбедност треба да одржи нова седница в петок и претседателот да донесе одлука за нејзино продолжување. Во спротивно, вонредната состојба поради коронавирусот, која првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, ќе заврши в сабота.

Двете одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен Собранието, наместо претседателот Пендаровски ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Двете одлуки на шефот на државата за вонредна состојба беа разгледувани и во Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Влада вонредна состојба одлука претседател Проценки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.