Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врската меѓу Трамп и Путин

0
By Нова ТВ on July 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 27, 2016 18:05

Тимот на Хилари Клинтон ги обвини руските агенти кои пробиле во мејловите на Демократската партија, дека се обидуваат да му помогнат на републиканецот Доналд Трамп. Дали навистина постојат некакви врски помеѓу Трамп и Москва?, анализира Си-Ен-Ен.

Неколку експерти го покренаа прашањето за врските на бизнисменот со Русија, поради стравувањето дека Москва може да се вмеша во изборите во САД. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, силно ги отфрли обвиненијата дека Русија била вмешана со хакирањето на мејловите.

Која е врската помеѓу Трамп и Русија?

– Пробивањето на мејловите

Иако беше предвидено Демократската конвенција да биде знак на единство, по тоа што се случи со мејловите на Демократскиот Национален Комитет, настана хаос во Филаделфија.

Репортер за Њу Јорк Тајмс известува: „Истражувачите заклучија дека врз Националниот комитет била извршена повреда од страна на двајца руски разузнавачки агенти”.

Според Дејли Бист: „Ова е операција за која неколку американски официјални лица се сомневаат дека е намерен обид за да се влијае врз претседателските избори во прилог на Доналд Трамп”.

Трамп и неговите помошници негираа било каква поврзаност и велат дека нема никакви докази кои го поврзуваат Трамп со случајот.

– Про-Путин персонал

Пол Манафорт, претседателот на кампањата на Трамп, има поминато децении како политички советник во Источна Европа. Манафорт бил близок соработник на поранешниот украински министер за надворешни работи, Виктор Јанукович, кој беше тргнат од власт во 2014та и е добро познат на јавноста како сојузник на Владимир Путин.

Според Џош Маршал, еден од најзвучните новинари кои ги истражуваат руските врски на Трамп, неговиот советник за надворешни работи, Картер Пејџ, има длабоки и долгогодишни финансиски врски со Газпорм, руска енергетска компанија вредна трилиони долари.

„Не е претерано да се каже дека не можеш да бидеш вмешан во Газпром на толку високо ниво како Пејџ, без да бидеш во целосна усогласеност со политиката на Путин”, пишува Маршал.

Но како критички одговор на Маршал, авторот Џефри Кар, дава забелешка дека Пејџ го напушти Газпром во 2007 и оттогаш прави многу малку пари преку Русија.

– Промени во Републиканскиот манифест

Републиканскиот Национален Комитет го смени својот став кој го имаше кон Русија под притисок од страна на тимот на Трамп, пред  конгресот во Кливленд минатата недела.

Еден делегат предложи амандман кој повикува САД во источна Украина да обезбеди “смртоносно дефанзивно оружје” во нивната борба против бунтовниците кои се подржани од Русија во тој регион.

Според Вашингтон Пост, сојузниците на Трамп притискаат да се ослабне изјавата. Ова беше единствената суштинска промена која ја побара тимот на Трамп и дојде откако тој за Њу Јорк Тајмс изјави дека можеби нема да ги почитува обврските на НАТО дека Русија треба да направи инвазија на Балтичките земји.

Сепак, Вашингтон Пост исто така вели дека таквата позиција, додека надвор од чекор со основните постулати на републиканците, не е нечуена во Вашингтон:

“Претседателот Обама одлучи да не дава одобрување (за праќање на смртоносно дефанзивно оружје во Украина)и покрај препораките да го направи тоа, од страна на неговите врвни Европски функционери во Стејт департментот и војската.”

– Финансиски врски

Трамп веќе подолго време не соработува со многу американски банки. Наместо тоа, Маршал вели “тој ја зацврстува и повторно ја гради својата финансиска империја со силна потпора на капиталот од Русија”.

Ова вклучува и “финансирање од страна на сомнителни извори во Русија и Казахстан”, според тужба откриена од страна на Њу Јорк Тајмс. Трамп, самиот изјави дека има “ нула инвестиции” во Русија.

Како што Џулиа Иофе пишува, многу странски компании отворија свои бизниси во Русија, само Трамп не успеа да направи значителен бизнис во земјата.

„Фактот дека Трамп, после многу обиди и со добри намери кон државата, не беше способен да изгради ништо во Русија – кога Риз Картлон и Кемпински и Радисон и Хилтон и било кој од западните хотелски синџири, беа во можност- зборува за неговиот недостаток на врски со влијателни руси“, пишува таа.

Не е невообичаено за компании за недвижен имот да добијат значителен руски бизнис, па така нема докази дека политичките ставови на Трамп се купени.

„Само затоа што финансиерите можеби ќе сакаат да влијаат врз моќните луѓе, не значи дека тие ќе успеат во тоа”, пишува Даниел Дрензер за Вашингтон Пост.

– Броманса

Путин го нарече Трамп “паметен и многу талентиран”. Трамп говореше со восхит во повеќе пригоди за политичката сила на Путин.

„Тоа што го имаме е еден вид на “броманса” која се случува помеѓу Владимир Путин и Трамп”, вели Џон Подеста, советник на Клинтон, одговарајќи за скандалот со мејловите, забележувајќи дека нема познати врски помеѓу нив двајца.

Претседателот Барак Обама за Ен Би Си кажа дека тој не знае дали хакирањето дошло од Русија но додаде: „Тоа што јас го знам е дека Доналд Трамп постојано го покажува својот восхит кон Путин”.

Иофе смета дека на Кремљ не му се допаѓа Клинтон и во Трамп, како кандидат за претседател, гледа подобар сојузник за нивните интереси.

Но, тоа не значи дека Трамп е во “врскa’’ со Путин. Не е недозволено да се зборува блескаво за американски противник, или пак да се имаат слични политички вредности.

Судејќи по последните анкети, по се изгледа тоа не е толку важно ни за американските гласачи.

Барак Обама Владимир Путин Доналд Трамп Русија САД Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.