Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ по 10 дена молк: За влез во Унгарија Груевски имал и пропусница

0
By Нова ТВ on November 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 20, 2018 08:44

Спрскиот претседател Александар Вучиќ вчера, по повеќедневен молк на прашањата на новинарите, потври дека бегалецот Никола Груевски преку граничниот премин Хоргош ја минал српско унгарската граница, со лична карта и со пропусница.

Во интервју за ТВ Хепи Вучиќ рече дека Груевски на 11 ноември ја напуштил Македонија и со лична карта, во друштво на двајца унгарски државјани влегол на територијата на Албанија, од каде преку граниччниот премин Божај преминал во Црна Гора.

Груевски на 12 ноември нешто пред 22.30 часот преку граничниот премин Гостун со лична карта влегол во Србија, од каде заминал за Унгарија преку граничниот премин Хоргош, каде се легитимирал со лична карта и со (пасаван) пропусница што ја добил од Албанија.

-Дури на 13 ноември во 19.35 од страна на Интерпол Скопје ни беше доставена меѓународна потерница. Што очекувате? Да апсиме луѓе за кои не е распишана потрага? А камо ли меѓународна потерница, рече Вучиќ додавајќи дека она што тој го кажал, е вистината за тоа како Груевски заминал во Унгарија.

Вчера, на унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Дукс му беше предадена протестна нота по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.

Како што се наведува во соопштението од МНР, Македонија очекува „веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него“.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ изјави дека ниеден колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски.

Тој повтори дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада и дека владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање, објаснувајќи дека  унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски “целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини (на граници) беа легитимни”. Уште еднаш повтори дека случајот Груевски е правно, а не политичко прашање.

бегство Вучиќ Груевски Србија Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.