Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вухан: Враќањето на животот во нормала во сенка на недоверба меѓу луѓето

0
By Нова ТВ on April 1, 2020 ВЕСТИ
Фото: irishtimes.com/Reuters/China Daily
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2020 10:10

Милионската метропола во централна Кина, каде прво се појави новиот коронавирус, постепено се враќа кон нормалното секојдневие. Во изминатата недела владата во Пекинг најави крај на масивните ограничувања на слободата на движење во Вухан. Градските автобуси повторно сообраќаат, како и шест од вкупно девет линии на подземната железница.

По повеќе од двомесечната забрана за движење, враќањето на нормалниот тек за многу граѓани нема да биде едноставно, вели Бен за „Дојче Веле“ (ДВ). Тој живее во станбена населба и се занимава со недвижности. Вели оти ќе му биде потребно уште време, пред повторно да почне да се чувствува добро меѓу луѓе.

Бен, исто така, е скептичен кога станува збор за поимот „победа“ над коронавирусот.

„Порано, за време на викендите, со задоволство одев со пријателите во кино или на некои други настани. Но, додека епидемијата не помине во целост, подобро ќе останам дома“, истакна тој.

„Луѓето сами се снаоѓаа“

Бен и неговиот сограѓанин Ерик (никој од нив не сакаше да го открие вистинскиот идентитет) со мешани чувства прават биланс за дејствувањето на владата и на државните служби во кризата.

„Изолацијата и забраната на движењето беа неопходни мерки за сузбивање на епидемијата. Но, централната влада во Пекинг не разви механизам со кој на граѓаниите ќе им овозможеше да ги задоволат своите основни потреби во оваа екстремна ситуација. Луѓето мораа сами да се снаоѓаат“, нагласи Бен.

Ерик, пак, вели дека сè уште се сеќава на очајот на семејствата чии членови поради лекувањето беа раздвоени според симптомите и староста.

„Владата од самиот почеток ги запостави правата на граѓаните на Вухан“, вели овој инженер и семеен човек за ДВ.

Од друга страна, кинеската власт во сузбивањето на епидемијата консеквентно се потпирала на жителите на одредени градски населби.

„Беа мобилизирани доброволци и локални државни службеници за телефонски да контролираат дали домаќинствата се придржуваат кон мерките за забрана на движењето. Тие извршуваа набавки на секојдневно потребните намирници за семејствата. Тие нè држеа за време на епидемијата“, вели Ерик.

Не е време за „победничко славје“

Од почетокот на март, раководството во Пекинг ја прогласи својата победа над вирусот. Но, за граѓаните на Вухан има многу поважни работи од победничката прослава.

„Не сакам да слушам за „големата победа“ на владата над коронавирусот. Сега треба да размислиме за грешките што ги направи владата во последните два и пол месеци, за причините за избувнување на епидемијата, односно да се испита пандемијата и да се обидеме да најдеме подобар начин на превенција“, вели Бен.

Во последните неколку дена, во провинцијата Хубеи, во која се наоѓа Вухан. не е официјално регистрирана нова инфекција од коронавирусот. Граѓаните, пак, се прашуваат дали ова одговара на реалната слика. Ерик предупредува дека на почетокот на епидемијата, болниците во Вухан честопати не ги тестирале и лекувале пациентите и покрај симптомите, што пак довело до многу смртни случаи. На крајот, ваквите случаи не влегоа ниту во статистиката на починати од ковид-19.

Колку се веродостојни официјалните бројки?

„Мнозинството луѓе од Вухан, па дури и членови на владеачките структури, не веруваат во официјалните бројки“, вели Ерик.

И тој и многу негови познаници се убедени дека не се пријавуваат нови случаи на заразени, бидејќи владата ќе мора да објасни зошто и даде зелено светло на економијата. Во Вухан сè уште има нови извештаи за инфекции, а меѓу нив има и пациенти кои биле тестирани позитивно и по напуштањето на болницата.

Но, многу нешта зависат од веродостојноста на официјалните бројки, и тоа не само кредибилитетот на владата во Пекинг. На луѓето им се потребни вистински информации за да можат да ги проценат ризиците. Што ако дојде до повторно избувнување на епидемија од вирусот во Вухан? – Тоа прашање вознемирува многумина, додека владата притиска да се вратиме на работните места.

Вухан живот Карантин Кина Коронавирус недоверба Нормала Пандемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.