Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вулин од Москва: Северна Македонија се почесто ќе ја „напаѓа“ Србија

0
By Нова ТВ on April 28, 2019 СВЕТ
Фото: vecernji.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин преку државниот канал „Русија 24“, при посетата на Москва, порача дека „светот нема да ја сопре несреќата на Балканот доколку допушти создавање на Голема Албанија“. Тој оцени дека сите Албанци, со исклучок на две општини во Србија, се наоѓаат во единствено политичко – безбедносно опкружување на НАТО.

„Кога Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, а тоа се очекува веќе оваа година, сите Албанци ќе живеат во единствено политичко и безбедносно опкружување. Тие бараат формализација на нивната територија преку граници. Сите земји молчат. Црна Гора многу често ја напаѓа Србија, но не и „Голема Албанија” иако таа сака да земе дел од нејзината територија. И Северна Македонија многу често ќе ја напаѓа Србија. Го призна Косово без било какви проблеми, а половина од нејзината територија е на патот на „Големата Албанија”. Сите молчат, само Србија зборува“, рече Вулин.

Тој оцени дека и покрај тоа што во Србија нема консензус за Косово, нејзин интерес е да ги заштити Србите на Косово.

„Ако сакаат да го решат албанското национално прашање, и Србите ќе го решат своето национално прашање. Ние немаме втор пат. Значи, кога зборувате за Косово, не го одвојувајте од целината на српското прашање. Ние мора да го решиме целосно српското национално прашање, вклучувајќи го и Косово, а не без него. Претставниците на меѓународната заедница мора да имаат разбирање за српските проблеми“, посочи Вулин.

Според него, додека Србите се на Косово, може нешто да се направи.

„Она што ни е многу важно, дека големите и моќни земји како Русија, мораат да препознаат дека се создава „Голема Албанија“, рече Вулин и додаде дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО дури и да остане последна земја во Европа додека „претседателот Александар Вучиќ е врховен командант на српските вооружени сили и додека тој е министер за одбрана”.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, на покана на рускиот колега Сергеј Шојгу, во Москва учествуваше на Осмата конференција за безбедност.

Александар Вулин Македонија Москва НАТО Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.