Author: Xhabir Deralla

Анализа на Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи – придонес кон конференцијата “Украина – година на хероизмот” во организација на Цивил и Амбасадата на Украина во Северна Македонија МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Една година после почетокот на руската воена инвазија врз Украина, она што преовладува како глобална перцепција и порака која денес го обиколува светот е херојството на украинскиот народ и обединувањето на западниот демократски свет во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Од првиот час на руската брутална инвазија, рашистичкиот поход против независна, суверена и демократска Украина, цивилите – жени, деца и стари – се жртви на руската злосторничка солдатеска и платенички банди составена од ноторни криминалци. И додека пишуваме и говориме овде и сега, Украина е мета на рускиот ракетен терор.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 80 години, уште еднаш ја покажа длабоката поделеност на светот. Во моментот кога се подготвува овој текст, бројот на жртвите е преку 24.000 и десетици илјади повредени. Спасувањето на оние што останаа заробени под урнатините е тешко, на моменти хаотично, а на многу места е невозможно – нема доволно луѓе, механизација, вештини… Згора на сета трагедија, во погодените региони се бележат ниски зимски температури. Често се губи трката за спасување на човечки живот повеќе.

Read More

Погледнете само кои фирми и богаташи стојат зад медиумите во кои како река тече проруска пропаганда. Погледнете ги нивните бизнис релации. Ќе видите за што зборувам. ЏАБИР ДЕРАЛА Тој што, заедно со својот министер за надворешни работи, до последниот ден бесрамно го лажеше целиот свет дека нема никаква намера да ја нападне соседна Украина, сега е веќе потврден воен злосторник. И до ден денешен, тој и неговата злосторничка клика, водат политика и војна заснована на подли лаги. Тие се на чело на држава која систематски спроведува терор врз цивилното население од првиот ден на агресијата.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Во своето обраќање до нацијата во Конгресот на 7 февруари, американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш покажа дека негов највисок интерес и заложба е единството на нацијата. Бајден во изминатите две години покажа дека сака и може да работи заедно со опозицијата во остварување на заедничките интереси на земјата. Тој ги обликуваше своите политики и практики според потребите на „обичниот Американец“. И во ова обраќање, уште во првите минути, пред и да го започне говорот, Бајден го покажа својот силен стремеж за обединување на нацијата.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Да не се помогне на човек во неволја е израз на нечовечност. Ако тоа се направи од позиција на моќ, да не се покренат механизмите на власта дадена од граѓанките и граѓаните, тоа е веќе и нечовечност и злоупотреба.

Read More

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Во сега далечната 1996 заминав во Брисел како дописник на А1 ТВ. Имаше што да се работи. Во ООН се најде решение за прием на Македонија под референцата ФИРОМ. ЕУ веднаш потоа реши да го склучи и првиот договор со нас. Тоа беше Спогодбата за трговија и соработка како прв чекот во европскиот интеграциски процес. Во тој период беше актуелен и Дејтонскиот договор кој некако стави крај на ужасот во Босна. Во Брисел  тогаш ја изработуваше  Агендата 2000 која ја зацрта стратегијата на проширувањето кон исток.

Read More

Еден ден по одлуката на Германија и САД да направат исчекор во воената помош и да испратат десетици борбени тенкови во Украина, големи експлозии го потресоа главниот град Кијив рано наутро на 26 јануари.

Read More

Четири примери зошто не е изненадувачки политичкиот лупинг на Вучиќ во однос на Косово и други белешки за еквилибристиката ЏАБИР ДЕРАЛА Вучиќ уште еднаш покажа дека одлично ја познава меѓународната и балканската политичка реалност. И уште повеќе, ја покажа својата извонредна способност да се прилагоди на таа реалност. Во долгото видео обраќање, навидум неволно, со познатите обвиненија на сметка на Западот, српскиот претседател кажа дека, сепак, е спремен да го исполни германско-францускиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Образложението му беше реалистично – ако не го прифати планот, Србија ќе биде изолирана и сиромашна (како македонската држава…

Read More

Високи претставници на Владата, граѓанското општество и експертската заедница денеска ќе говорат на Конференцијата на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество „Различностите, благодат или проклетство“, со почеток во 12 часот.

Read More

Припадник на Косовските безбедносни сили беше уапсен откако во петокот пукаше во двајца етнички Срби, од кои еден малолетник, во село Готовуша, близу Штрпце, Косово. Жртвите на возраст од 11 и 21 година се пренесени во болница, но не се во критична состојба. Инцидентот ризикува дополнително да ги разгори тензиите меѓу локалните Срби и косовските власти, како и релациите меѓу Косово и Србија. Припадник на Косовските безбедносни сили беше уапсен откако во петокот пукаше и рани двајца етнички Срби, од кои еден малолетник, Штрпце, близу Феризај, соопштија властите, пренесува Еуроњуз.

Read More

Поминаа две години од насилниот упад во американскиот Конгрес, моментот кога поради политичките и лични амбиции на еден човек, загрозена беше демократијата во САД. Настанот на 6 јануари 2021 години беше како пресликан од тој на 27 април 2017 година, кога група насилници влегоа во македонското Собрание во обид да тепаат и убијат народни избраници.

Read More