Author: Xhabir Deralla
Искуствата по падот на режимот на Груевски како предупредување за новата власт во Србија
Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина
Руските напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина претставуваат воени злосторства, а систематското лишување на цивилното население од основни услови за живот е квалификувано како злосторство против човештвото.
Србија го подигна нивото на опасност од тероризам на највисокиот, црвен степен, по вооружениот напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел во Белград, рано утринава, 28 октомври.
Македонската велосипедска репрезентација оствари одличен настап на Балканското првенство во цикло-крос (CX), одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи.
Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, повика на поддршка на меѓународната иницијатива #WarmthForUkraine, предупредувајќи на руските напади врз енергетската инфраструктура пред зимата. Една од конкретните потреби е генератор за амбулантата во украинското село Чистопил, на околу 20 километри од фронтовската линија.
Студентската листа победи на вонредните парламентарни избори во Србија со повеќе од 52 проценти од гласовите, според најновите прелиминарни резултати. Александар Вучиќ го призна поразот, а победниците најавуваат политички и институционални промени. Србија влегува во нова политичка фаза по речиси две години студентски протести и граѓанска мобилизација.
ЦИВИЛ МЕДИА од раните утрински часови на 25 октомври известува за вонредните парламентарни избори во Србија, со оригинални теренски информации од Белград, фотографии, видеосведоштва, анализи на излезноста и ексклузивни изјави за регионалното значење на изборите. До пладне, редакцијата објави пет прилози во рамките на специјалното известување „СРБИЈА ГЛАСА“.
Биљана Секуловска | 25 МИНУТИ Погледнете ги младите луѓе во Србија. Во Албанија, Грција, Шпанија, секако и Франција. Насекаде во светот. Дури и во еден Непал, каде диктатурите ги столчиле одамна, секогаш, но не и засекогаш. Таму минатата година Генерацијата Z на анти-корупциски протести го принуди премиерот да си даде оставка.
Летало не поголемо од чинија денес може да открие тенк, да наведува артилериски оган, да изврши инспекција на мост или да сними шумски пожар. Но, неговите претходници не биле ниту дигитални ниту интелигентни. Тоа биле балони, кревки дрвени летала и експериментални машини, чии пронаоѓачи се обидувале да одговорат на едно суштинско прашање: Како нешто може да лета без пилот?
Еден ден пред вонредните парламентарни избори во Србија, закажани за 25 октомври, две истражувања на јавното мислење покажуваат различна слика за односот на силите меѓу владејачката Српска напредна странка (СНС) и Студентската листа. Во атмосфера на длабока политичка поларизација, клучни прашања остануваат излезноста, изборните услови и довербата во резултатите.
Србија влезе во изборен молк на полноќ, на 23 октомври, во пресрет на вонредните парламентарни избори закажани за недела, 25 октомври 2026 година. По речиси две години масовни студентски протести, политички судири и обвинувања за корупција и злоупотреба на институциите, во земјата се одржува неизвесна изборна трка.
Соединетите Американски Држави и Кина убедливо доминираат во светската економија, додека Германија го задржува третото место. Но, големината на економијата не значи автоматски и подобар живот за граѓаните.















