Author: Xhabir Deralla

Според годишниот извештај на Судскиот совет, судовите во Северна Македонија ја започнале 2025 година со 134.729 нерешени предмети. Во текот на годината примиле уште 540.122 предмети и решиле 540.241. На крајот останале 134.610 нерешени предмети, што е 119 помалку отколку на почетокот. Во извештајот се евидентирани и 217 погрешно заведени предмети.

Read More

TECH FRONT | CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM Есента 2026 година носи нова технолошка офанзива во развојот на вештачката интелигенција (ВИ). Водечките компании се натпреваруваат со сè помоќни модели, автономни ВИ-агенти и научни достигнувања што до неодамна изгледаа недостижни. Но, паралелно со технолошките пробиви се продлабочуваат и безбедносните, политичките и општествените предизвици. Вештачката интелигенција станува инструмент за иновации и научен напредок, но и за дезинформации, политички манипулации и операции за влијание. Истовремено, расте организираниот отпор кон ВИ, во кој се испреплетуваат легитимните барања за јавна контрола, економските стравувања и обидите за манипулација со јавното мислење. Од разговорни модели до…

Read More

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), глобалниот индекс на цените на храната во септември 2026 година достигнал 136 поени, што е раст од 1,5 проценти за еден месец и 5,8 проценти на годишно ниво. Сепак, индексот останува 15,1 процент под рекордот од март 2022 година. На месечна основа, најизразено поскапеа житарките и шеќерот, додека месото поевтини.

Read More

Концертниот живот во Северна Македонија се збогатува со уште еден исклучителен културен настан. На 4 ноември 2026 година, истакнатата македонска пијанистка, д-р Дуња Иванова, ќе одржи пијано рецитал насловен „Ехо на несвесното“. Овој значаен музички настан ќе се одржи во просториите на Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, поконкретно во Салон 19/19, со почеток во 20 часот.

Read More

Додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, со конкретен напредок на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Северна Македонија и натаму останува заглавена во политичките блокади на својот евроинтеграциски пат. Последните одлуки во Брисел покажуваат дека проширувањето повторно добива силно геополитичко значење, но и дека државите кандидати не напредуваат со исто темпо.

Read More

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА  Пред речиси една година, на 8 ноември 2025 година, ЦИВИЛ објави анализа со наслов „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија. Анализата предупреди на политички наратив што ја претвора европската интеграција во бесмислен и исто толку штетен натпревар со соседите, наместо во процес на суштински реформи. Таквиот наратив го одвлекува вниманието од реформските неуспеси и создава простор за недоверба кон Европската Унија.

Read More

Со два исклучителни концерта, вечерва, 18 октомври, во Националната опера и балет ќе биде затворено 45-то издание на Скопскиот џез-фестивал. На сцената ќе настапат американско-бразилското трио São Paulo Underground и францускиот квинтет Living Being на виртуозниот хармоникаш Венсан Пејрани. Завршната вечер носи возбудлива средба на електрониката, бразилските ритми, слободната импровизација и современиот европски џез.

Read More

Во Општина Брвеница денеска, 18 октомври, се одржуваат предвремени локални избори за градоначалник, на кои учествуваат шест кандидати – четворица поддржани од политички коалиции и двајца независни. Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 19 часот.

Read More

Вознемирувачки видеоснимки од полициските интервенции во Тирана предизвикаа сериозна загриженост поради наводите за насилство врз демонстрантите, меѓу кои има и малолетници. Европската Унија побара итна истрага за прекумерната употреба на сила врз граѓани и новинари. ЦИВИЛ – Центар за слобода упати директна порака до албанскиот премиер Еди Рама: „Демократијата не се брани со тепање демонстранти!“

Read More

Данска не го враќа ќотекот во училиштата. Но, во нашата јавна дебата, изгледа, доволно е некој да спомне физичка интервенција за да се разбуди колективната носталгија по времињата кога возрасниот секогаш бил во право, а детето требало да молчи. Ана Василевска Понекогаш е доволно една вест да го напушти своето првобитно значење, да помине низ неколку редакции, да се пресоблече во поголем наслов и да се појави пред нас како сосема поинаква приказна. Не мора никој да ја измисли од почеток. Доволно е да ѝ се смени акцентот. Она што било обид да се уреди одредена ситуација може да стане…

Read More

Илјадници млади луѓе излегоа на улиците во Албанија и Италија на 16 октомври, протестирајќи против корупцијата, лошите услови во образованието и владините политики. Демонстрациите прераснаа во насилни судири со полицијата, отворајќи прашања за растечкото незадоволство на младите во Европа.

Read More

Премиерот тврди дека Северна Македонија е „вистинскиот фронтранер“ пред Албанија и Црна Гора, додека земјата сè уште не го отворила првиот преговарачки кластер со ЕУ. Во нова анализа, Џабир Дерала предупредува дека зад ваквите изјави стои политички образец што го потиснува прашањето за реформите, ја замаглува одговорноста и создава простор за недоверба кон европската интеграција.

Read More