Author: Xhabir Deralla
Билјана Секуловска | 25 минути Никако не смее да дозволиме да ни се случат во Македонија оставки за бегството на младата Бугарка Ива Михаилова. Затоа што, нема да остане ниту едно име од списокот, барем еден функционер на власт да ја одбрани честа. О, да, во иднина нѐ чекаат и очекуваат безброј нови и нови бегства, ова е само почеток, во оваа земја нема никогаш крај, а сосема различно ветуваше почетокот.
Неколку значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press се достапни во книжарницата „Или-Или“ со голем попуст. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата. Дел од изданијата се со ограничен тираж.
Втората вечер на 45. Скопски џез-фестивал, денеска, 16 октомври, носи исклучително музичко патување низ современиот нордиски џез, електрониката и слободната импровизација. Под заедничкиот концепт „Punkt International“, на сцената на Националната опера и балет ќе настапат музичари од Норвешка и Исланд, а вечерта ќе кулминира со необичен полноќен концерт во кој веќе изведената музика ќе добие сосема нов живот.
Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина
THE SHADOW WAR BRIEFING, 9-15 октомври 2026 | Саботажи, војување со дронови, поморски напади и политички притисок се спојуваат во кампања за исцрпување на Украина и фрагментирање на нејзините сојузници. СТРАТЕГИЈА | Исцрпување на мрежата за поддршка Најновата ескалација на Русија не претставува подготовка за непосреден конвенционален напад врз територија на НАТО, туку пресметана кампања насочена против виталните системи што ја поврзуваат одбраната на Украина со европската поддршка: комуникациите, воената индустрија, транспортната логистика, трговската пловидба и политичката кохезија.
Четири фестивалски вечери, 11 концерти и музичари од 13 земји. Од авангардниот европски џез до африканските ритми и јужноамериканските музички експерименти, Скопскиот џез фестивал уште еднаш ги отвора хоризонтите на современата музика.
Американскиот долар ја зајакнува позицијата на меѓународните девизни пазари, додека еврото се соочува со притисоци поради разликите во економските перспективи на САД и еврозоната. Според податоците на Европската централна банка, на 14 октомври едно евро вредело 1,1195 американски долари, додека The Wall Street Journal известува за засилување на доларот во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари.
Собраниската седница за пратенички прашања на 14 октомври се претвори во остра политичка пресметка меѓу премиерот Христијан Мицкоски и шефот на проруската ултрадесничарска партија Левица, Димитар Апасиев. Вербалниот судир ги вклучи семејните бизниси, партиските донации и еден општински тендер во Струмица. Расправата брзо прерасна во размена на лични навреди и меѓусебни обвинувања. Како што пренесоа медиумите, премиерот ги отфрли сите сомнежи за незаконско работење и го повика својот политички противник тврдењата да ги повтори надвор од Собранието, за да можат да бидат предмет на судска постапка.
Банкарскиот сектор во Северна Македонија во периодот од 2021 до 2025 година остварил вкупен позитивен финансиски резултат од 69,23 милијарди денари, односно приближно 1,12 милијарди евра. Податоците на Народната банка, објавени и во статистичките прегледи на Македонската банкарска асоцијација, откриваат речиси непрекинат раст на добивките, со особено силно забрзување во 2023 и 2024 година.
Случајот со Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, отвори сериозни прашања за функционирањето на институциите во Северна Македонија, но и за заштитата на човековите права. Во анализа на ЦИВИЛ МЕДИА, случајот се разгледува низ три димензии: судските мерки и необјаснетото преминување на границата, правото на лекување и политичката инструментализација на човечка трагедија.
Четири референдуми, два различни вида одлуки и поделено општество: Словенечките гласачи ѝ зададоа удар на владата во единственото правно обврзувачко изјаснување, но поддржаа дел од нејзините политички предлози, објави ЦИВИЛ МЕДИА.
Протерувањето на Михаил Звинчук, основач на влијателната руска пропагандна мрежа „Рибар“, од Црна Гора и неговото заминување во Србија отвора нови прашања за руските операции на информациско влијание на Западен Балкан, но и за постапувањето на безбедносните институции.
Билјана Секуловска | 25 минути Со аплауз и овации го прифативме предлогот на Стопанската комора, за “нов модел на уредување на неработните денови, според кој секој вработен би имал право на до 13 или 14 неработни денови во текот на годината. Целта е да се воспостави подобар баланс меѓу правото на празнување, рамноправниот третман на граѓаните и потребата од непречено функционирање на економијата”. Велите, зошто одушевување, зошто аплауз? Затоа што сите овие мерки се одлично решение за администрацијата, која официјално брои 130.000 луѓе. Времето на Ковид епидемијата покажа дека оваа држава може апсолутно да функционира со минимален број на паразитската…














