Author: Xhabir Deralla
Неколку значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press се достапни во книжарницата „Или-Или“. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата. Издавачите го продолжија попустот до крајот на октомври. Дел од изданијата се со ограничен тираж.
Џабир Дерала Ако сакаш да им веруваш на лагите на политичарите, да читаш пропаганда спакувана како „анализа“ или да уживаш во молкот на институциите, а фактите и реалноста не те интересираат – не бараш вистина, туку бегаш во привремениот комфор на илузијата.
Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје заврши со дипломатски потег кон Софија, пофалби за Планот за раст и уште една силна потврда за европската перспектива на Северна Македонија. Но во суштина, не се случи ништо ново. Условот за уставните измени останува, преговарачката рамка останува иста, а нова европска формула за деблокада нема.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска пристигнува во Скопје, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во главниот град ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Агенцијата за национална безбедност денеска, 1 октомври, објави дека во координација со други надлежни институции презема активности за откривање и попречување пропагандна мрежа во Северна Македонија, која, според АНБ, има „деструктивна и малициозна агенда“ и дејствува во корист на странски, односно руски интереси.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во Скопје, каде што ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, во период кога повторно се засилува дебатата за застојот во евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
Повлекувањето на странски банки од Северна Македонија и нивното претопување во нови сопственички структури отвора прашања што одамна не се само банкарски. Во анализата на Љубомир Костовски, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, во фокусот е патот од Алфа банка и Силк Роуд до сегашното ширење на белградската Алта банка на македонскиот пазар.
Во координираната акција на безбедносните институции биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје. Обвинителството отвори истрага против три лица, при што првоосомничениот се товари и за тероризам, а АНБ ја поврзува групацијата со радикализација, странски терористички борци и транснационален криминал.
29 септември 2026 година — 85-годишнина од трагедијата во Бабин Јар — еден од најстрашните симболи на Холокаустот и масовното убивање на цивилното население за време на Втората светска војна. Во текот на 29 и 30 септември 1941 година во Бабин Јар нацистичките единици убиле 33.771 Евреин — жители на Киjив и бегалци кои останале во градот по неговата окупација. Во следните две години ова место станало едно од најголемите места на масовни стрелања на окупираната територија на Украина. Вкупно, жртви на нацистичкиот терор во Бабин Јар станале околу 100 илјади луѓе. Бабин Јар не е само место во Киjив…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен доаѓа во Скопје на 2 октомври, на крајот од турнејата низ Западниот Балкан што започнува во Тирана, а продолжува во Приштина и Подгорица. Европската комисија официјално најави дека во фокусот ќе бидат следните чекори на земјите кон Европската Унија и нивната постепена интеграција, поддржана преку Планот за раст. Во Скопје Фон дер Лајен треба да се сретне со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.
Брисел подготвува попрецизни рокови и обврски за Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Северна Македонија не е исклучена од процесот на проширување, но не влегува во групата земји за кои Европската комисија во моментов подготвува забрзана патека кон завршување на преговорите.
Околу 50.000 жени и девојчиња во светот во 2024 година биле убиени од интимен партнер или член на семејството. На регионалната конференција во Собранието во Скопје, експерти и претставници на институциите предупредија дека фемицидот најчесто не е ненадеен чин, туку последна точка на претходно насилство, закани, контрола и демнење кои системот мора да научи навреме да ги препознава.















